Родителите парите ги бараат по основа на „психичко малтретирање“ затоа што парот (35-годишниот Шреј Сагар и 31-годишната Шубханги Синха) и по шест години брак не им испорачал внук/внука.
Саџив и Садана Прасад (61 и 57) за Тајмс оф Индија изјавуваат дека тие ја искористиле целата своја заштеда за да го израснат својот син, да платат за неговата свадба и за обуката за пилот.
Тие го потсетуваат Шреј, а и целата индиска јавност, дека кога тој останува без работа во 2007 тие финансиски го поддржуваат, плус кога ја плаќале свадбата во 2016 се надевале дека ќе добијат нова генерација со која ќе можат да си играат.
„Речиси немаме пари затоа што сè потрошивме на нашиот син,“ изјавил Саџив.
Сега нивниот син работи како пилот во приватна авио-компанија и се очекува дека ќе може да го исплати побарувањето.