Празнењето на браната трае 3 дена, по што функционерот Раџеш Вишвас успева да го најде телефонот, меѓутоа целата операција е за џабе затоа што заради времето минато под вода уредот бил целосно нефункционален.
Инаку не се работи за човек на некоја бог знае каква позиција, туку за инспектор за храна во државата Чатисгар, а неговата основа за празнењето на браната е дека на телефонот (Самсунг од 1.200 долари) имало важни државни податоци.
Пред празнењето тој ангажирал и локални нуркачи кои не успеале да го најдат уредот.
Акумулацијата била празнета со дизел пумпа, за која платил лично Вишвас, и која во рок од неколку дена испумпала два милиона литри вода.
Подоцна излегува дека Вишвас работел на своја рака, па кога го дознаваат претпоставените тој е суспендиран од работа.
Освен епското самоволие на инспекторот, проблем е и тоа што во регионот водата ја нема во изобилие, а акумулацијата се користела за поливање на земјоделски површини.