Од Израелската градежна асоцијација веќе ја имаат известено индиската влада за својата намера, и објаснуваат дека сега само чекаат одлука на израелската влада.
Израелскиот градежен сектор е застанат по нападот на Хамас на 7 октомври откако Израел одлучи да ги укине сите работни дозволи за Палестинците. Процената е дека градежната индустрија моментално работи со 15% од предвоениот капацитет.
Според палестинските власти над 110 илјади Палестинци имале дозволи за работа во Израел пред 7 октомври, од кои најголемиот дел се во градежништвото.
Израел и Индија во мај годинава потпишаа договор кој за прв пат го отвори израелскиот градежен сектор за индиски работници и кој ќе овозможи 42.000 Индијци да работат во Израел.