Оујанг Зијан, човекот кој се води како „татко на кинеската програма за истражување на Месечината“ изјавил дека местото на слетување на индиската мисија било на 69 степени јужна географска ширина, што не е ни во близина на Јужниот пол кој е дефиниран како просторот меѓу 88,5 и 90 степени.
На Земјата 69 степени би биле во рамките на Антарктичкиот круг, но месечевата верзија на овој круг е многу поблиска до полот.
„Погрешно е. Локацијата на слетување на Чандрајан-3 не е на месечевиот Јужен пол, ниту во регионот на месечевиот Јужен пол, ниту близу до месечевиот Јужен пол,“ изјавува Оујанг, според кого индиското летало слетало на 619 километри од поларната област.
Без разлика дали успеала или не да слета на Јужниот пол, останува тоа дека индискиот ровер слетал најјужно што до сега е слетано. Досегашниот рекорд што го држеа Кинезите е од 2019 и беше на 45 степени.
Битноста на Јужниот пол е заради научниот консензус дека таму се наоѓаат резерви на мраз кои би можеле да овозможат долгорочен престој на месечината.