Иако до сега само неколку луѓе стигнале до таму, научниците бараат на Месечината да се воведат национални паркови кои целосно ќе останат недопрени од човештвото и отпадот што човечките експедиции го оставаат зад себе.
Индискиот Чандрајан-3 минатиот месец стана прво летало кое слетало во близина на крајно посакуваниот Јужен пол на Месечината и со тоа да го сруши кинескиот рекорд за најјужно слетување. Кинезите сега тврдат дека Индијците лажат.
По 47 години нула активност, руската вселенска агенција во петок ќе го лансира своето месечинско возило со мисија да слета на јужниот пол на Месечината каде се верува дека има потенцијален извор на вода.
Во првата приватно финансирана мисија за слетување на Месечината Фалкон 9 на Спејсикс успешно го изнесе израелското летало Берешид од Земјата и го испрати кон крајна дестинација.
По половина век шпекулации астрономите тврдат конечно го потврдиле постоењето на две месечини кои орбитираат околу планетава. Само за разлика од оваа што ја знаеме, овие две се целосно составени од прашина.
Следната година НАСА ќе прослави 50 години од слетувањето на месечината, а нејзината соработка со уметници кои би придонеле кон едно такво одбележување е веќе започната.
Визуелизација која комбинира слики на површината на месечината со композицијата Clair de Lune (1905), неодамна изведена во живо на прославата по повод 60 години од постоењето на водечката истражувачка агенција за аеронаутика во светот.
Цехот за испраќање на ракета за Чандрајан-2 мисијата ќе биде понизок од цехот за филмот на Кристофер Нолан од 2014. И тоа за некои си 40 милиони долари поевтин.
Ова е оддалеченоста меѓу Земјата и Месечината. Од локална, перспектива далечината е незамислива (обемот на Земјата на екваторот е околу 40.000 километри), од перспектива на Космосот оваа далечина е нешто како должина на еднодневна брада кај човек. НАСА права фотка да ни долови како изгледа нашиот комшилук од надвор.
Денес само се знае дека на Американците им успева да стапнат на Месечината пред Советите. Тоа што се избриша од знаење е масовната осуда и скептичност на јавноста, политичарите и Ајзенхауер околу целиот проект.
Иако на прв поглед делува како една од оние налудничави теории на заговор, вистина е: НАСА објавува снимка од она што го слушнале астронаутите од Аполо 10, снимка која се држела во тајност цели 40 години.
Студијата ја прават астрономи од УKЛА, ја објавува журналот Сајанс, а откритието е дека Земјата се всушност две планети кои се споиле при нивната колизија пред 4,5 милијарди години. Во истиот судир е настаната и Месечината.
Трката за Месечината започнува многу години пред првите стапки и првите цитати на Нил Армстронг, и сето ова едно време изгледа како Советите комплетно да ги имаат поразено Американците.
Во 1970-тите на вселенските летала Пионир 10 и 11 беа поставени плочи кои содржеа податоци за животот на Земјата, за вонземјаните да знаат со кого би имале работа ако баш решат да нè контактираат. Но она што наскоро ќе биде испратено на Месечината како уметничко-научен проект којшто го претставува човештвото е многу пооткачено.