Со многу помалку успех отколку денес, главното противење околу мисијата е дека таа е непотребно трошење пари. Еден од противниците е извесен Бари Голдвотер, финансиски конзервативец кој ја осудува расипничката програма, и тоа најзабележително на донаторска вечера каде карта чини 100 долари (во денешни пари 770 долари).
Голдвотер тогаш аргументира дека САД се затрескани по Месечината, и додека државата "се фиксира на нејзе, ние би можеле да ја изгубиме Земјата или да бидеме закопани под неа".
Против мисијата е и Двајт Ајзенхауер, поранешниот претседател по чија наредба беше создадена НАСА. Тој порачува дека намерата на Кенеди да се стигне на месечината е "речиси хистерична" и дека не се исплати дополнителниот данок што е воведен за неа:
"Никогаш не верував дека спектакуларен јуриш на Месечината, кој наголемо го зголемува нашиот долг, го вреди даночниот товар кој потоа ќе им биде наметнат на нашите граѓани."
На него не му се допаѓа правецот во кој што се движи НАСА, пред се заради тоа што станала пренадуена, и иако верува дека САД со тек на време треба да стигнат до Месечината тоа треба да биде дел од вселенска мисија која ќе се исплати.
"Секој што е волен да потроши 40 милијарди долари на трка до Месечината за национален престиж е луд... Патувањето до Месечината ќе постигне нов рекорд за патување со позајмени пари," порачува Ајзенхауер во 1960-тите. (Овие 40 милијарди долари, претворени во денешни пари изнесуваат 317 милијарди долари.)
Анкетите на Галуп од 1960-те, покажуваат дека мнозинството од граѓаните не ја поддржуваат мисијата до Месечината и сметаат дека владата троши премногу пари на вселената. Дури во 1969, годината на лансирањето на Аполо 11, поддршката за мисијата ја надминува границата од 50%.
Кога слетувањето успева, и човештвото за прв пат стапнува на Месечината, цинизмот нагло паѓа и многумина го негираат тоа што цело време го изјавувале. Така, Голдвотер ги нарекува астронаутите "единствените национални херои што ги имаме". Ајзенхауер не дочекува да го види слетувањето.