На страна стандардната задача на Берешид, истражување и слично, тој со себе на Месечината носи и специјален диск на кој на 30 милиони страници е испишана архива на историјата на човековата цивилизација. Дискот е направен да трае милијарди години.
Намерата е да се остави копија од целосното знаење на човештвото и вон облакот, во случај климатските промени да доведат до апокалипса на Земјата, или некој да реши да распали со нуклеарки. Израелците планираат копија од архивата да испратат и на Марс и во најдлабоките пештери на Земјата.
Медиумот на кој сето ова е запишано е со дебелина на ДВД диск, меѓутоа е составен од 25 ултра тенки никел фолии за кои се тврди дека се отпорни на радијација, екстремни температури и други околности кои би можеле да настанат во тамошната околина во следните милијарди години.
Бекапот се води под името Лунарна библиотека, и меѓу другото содржи целосна копија од англиската верзија на Википедија, Библијата, детски цртежи, сеќавања на жртви на Холокаустот, националната химна и знаме на Израел, над 25.000 книги и упаства за разбирање на над 5.000 јазици од планетава.