Тие објаснуваат дека регистрирале мистериозни облаци оддалечени на околу 400.000 километри од Земјата, што е отприлика истата оддалеченост како и Месечината.
Станува збор за Облаците на Кордилевски кои прв пат се забележани во 1961 од истоимениот полскиот астроном, што е крајно комплицирано да се направи и да се повтори.
Според новите откритија секој од Облаците Кордилевски се простираат на површина речиси 9 пати поширока од планетата Земја. Самите облаци се огромни, но поединечните честички од кои се составени се со дијаметар не поголем од еден микрометар.
Овие сателити облаци сето ова време остануваат скриени во темнината бидејќи се „супер бледи“.
„Многу е тешко Облаците на Кордилевски да се откријат наспроти светлината во галаксијата, светлината од ѕвездите и сјаењето на небото,“ објаснуваат унгарските истражувачи од Универзитетот Етвос Лоранд.
Успехот на унгарските астрономи се должи на користење специјални филтри на нивните камери, кој успеваат да откријат светлина која се одбива од честичките во облакот.