Буџетот на Интерстелар изнесуваше 165 милиони долари, додека Чандрајан-2 ќе биде завршена за 125 милиони долари. Сличен сооднос Индијците имаа за својата мисија на Марс во 2013, која беше поевтина од снимањето на филмот „Гравитација“ (73,4 милиони долари наспроти 100 милиони долари).
Првиот човек на индиската вселенска агенција ИСРО, Каиласавадиво Сива, во интервју за Тајмс оф Индија се пофали со „штедливата природа на нивните вселенски и интерпланетарни мисии.“
„Поедноставување на системите, минијатуризација на големите комплексни системи, стриктна контрола и максимизирање на резултатите од производите ја прават нашата вселенска мисија штедлива и ефикасна. Ние строго внимаваме на секоја фаза од развојот на вселенските летала и ракетите, и затоа можеме да избегнеме расфрлање со производи, што ни помага да ги минимизираме трошоците на мисијата,“ објаснува Сива.
Во Чандрајан-2 мисијата предвидено е стигање до Месечината, меко слетување и пуштање на ровер на прошетка по површината на Месечината. Мисијата е закажана за некаде во април, а точниот датум ќе биде одреден од позицијата на Месечината во однос на Земјата.
За разлика од Аполо мисијата на НАСА и Луна мисијата на Роскосмос чии ровери слетаа на екваторијалниот регион на Месечината, планот на ИСРО е да слетаат на јужниот пол. Изборот на локацијата е заради огромните карпи што се наоѓаат таму кои се милијарди години стари, па Индијците се надеваат дека ќе имаа корисни примероци за испитување. Индискиот ровер се очекува да мине 100 до 200 метри, ќе биде активен 14 земски денови (или еден ден на месечината) и ќе испрати податоци и слики до Земјата.
Елон Маск пред некое време зборуваше за успехот што го имал во поевтинување на превозот во вселената. Транспортот на еден килограм во орбитата Шатл програмата на НАСА го плаќа 57.090 долари, со новата ракета на Спејсикс оваа сума ќе се намали на 47 долари по килограм.