За враќање на Месечината фалат 20 до 30 милијарди долари

Ова се парите, плус стандардниот годишен буџет, што би биле потребни ако сакаме пак да видиме човек на Месечината во организација на НАСА.

Процената е на првиот човек на американската вселенска агенција, Џим Брајденстајн, и ова е прв пат некој од таму да открие колку точно пари треба за да однесе човек на површината на Месечината.

Со неодамна објавената програма Артемис, НАСА планира да испрати екипа на Месечината до 2024, притоа планирано е во екипажот да има и астронаутка која ќе биде првата жена што стапнала на Месечината.

Трамп веќе побара буџет за НАСА од 21 милијарда долари, и на тоа Белата куќа ќе додаде уште 1,6 милијарди долари, меѓутоа Брајденстајн беше јасно порача дека тие пари би биле само аванс. Процената е дека до враќањето на Месечината на НАСА ќе и требаат плус 5 до 6 милијарди долари годишно само за овој проект.

НАСА моментално завршува со изградба на огромна нова ракета, СЛС (Space Launch System), и новата капсула за екипаж, Орион, која би требало да ги донесе астронаутите во близина на Месечината. Тука НАСА сака да ја постави новата вселенска станица, Гејтвеј, каде дојдените астронаути треба да минат некое време пред да се симнат на Месечината.

Програмата Артемис моментално чека парите да и бидат одобрени од Конгресот, и за сега не е јасно дали тоа ќе се случи. Доколку не ги добие овие пари, Агенцијата ќе треба да префрли средства од други програми, нешто што Брајденстајн моментално не е подготвен и желен да го направи. Слична буџетска инјекција НАСА доби и во 1960-те, за време на Студената војна и вселенската трка со СССР.

Доколку во скоро време не почне да пристигнуваат пари, тогаш не треба да се очекува слетување на Месечината во следните 4-5 години.

18 јуни 2019 - 12:43