Лансирањето ќе биде од космодромот Восточни, а се верува дека најтешкиот дел од операцијата ќе биде слетувањето на јужниот пол каде теренот е посебно проблематичен. Пред неколку недели ракета со свое возило кон Месечината испрати и Индија, која исто така планира слетување на јужниот пол.
Трката по јужниот пол е бидејќи научниците веруваат дека таму се наоѓаат најголемите залихи на мраз на Месечината кои потоа можат да бидат искористени за гориво, кислород и вода за пиење.
Од Роскосмос тврдат дека нивното вселенско летало за 5 дена ќе стигне до Месечината, по што 5 до 7 дена ќе кружи во орбитата пред да слета на една од трите можни локации во близина на јужниот пол. Од таму објаснуваат дека нивната и индиската мисија нема да си попречат една на друга, бидејќи слетувањето им е планирано во различни области.
Индиското возило е планирано да ја истражува Месечината две недели по слетувањето, додека руското треба да работи цела година.
Тежината на Луна-25 е 1,8 тони, од кои 31 килограм се научна опрема. Возилото ќе ја искористи својата корпа за вадење и собирање на примероци од камен на длабочина од 15 сантиметри, кои потоа ќе се тестираат за да се утврди дали таму има присуство на мраз.
„Месечината е седмиот континент на Земјата, па ние сме едноставно 'осудени' како таков да го препитомиме,“ изјавил Лев Зелени од Руската академија на науките.
Лансирањето првично беше закажано за октомври 2021 и во него со своја опрема требаше да учествува и Европската вселенска агенција која ја прекина соработката по почетокот на војната во Украина.
Операцијата ќе започне рано наутро со евакуација на жителите на селото Шахтински на крајниот руски исток во близина на космодромот заради „една во милион“ шанса за време на лансирањето фрагменти од ракетата за паднат во нивна близина. Селото има 26 жители, кои ќе добијат појадок и ќе може од ложа да го гледаат лансирањето.