Два месеца пред Аполо 11 за прпват да истовари човечки екипаж на Месечината, тројца астронаути на Аполо 10 влегле во орбитата на Месечината, како вежби и уигрување на планираното слетување.
Нивната мисија подразбирала и да поминат отаде Месечината, во оној дел кога им се блокирани врските со Земјата. Токму во тој дел слушнале нешто како човечко свиркање, откриваат документите на кои им се тргна ознаката за доверливост после 40 години.
"Го слушате ли ова? Го слушате ли свиркањето", стои забележано во транскриптот од дијалозите на екипажот.
"Ова ми звучи како некоја вонземна музика", вели еден астронаут и потоа додава "Ова е многу чудно".
"Никој нема да ни верува," му одговара колегата.
Како можни објаснувања за оваа "музика" се наведуваа магнетните полињеа или пак интерференцијата меѓу атмосферата и радио брановите. Проблем е што Месечината нема магнетни полиња а нема ни доволно атмосфера за да предизвика интерференција.
Тоа го потенцира и астронаутот Ал Ворден од Аполо 15:
"Логиката ми вели дека ако таму имало нешто кое можело да се сними, тогаш таму имало нешто"
Сигурно е дека сите тројца астронаути го слушанле истиот звук а имале дилеми дали да го пријават случајот страхувајќи дека нема да бидат сфатени сериознo заради што можеле да бидат елиминирани од следните вселенски мисии.