Долгогодишниот сомнеж на астрономите е дека Месечината настанува откако малата, прото-планета, Теја удира во Земјата по што од нашата планета се отцепува огромно парче кое останува во орбитата. Теорија беше дека Теја само ја зуцнала Земјата, сега истражувачите од Универзитетот Калифорнија Лос Анџелес тврдат дека планетата директно удрила и се споила Земјата.
Доказите се базираат на анализа на изотопи на кислород од вулканските карпи и месечевите карпи што на Земјата се донесени како дел од Аполо мисиите. Астрономите откриваат дека изотопите од двете групи имаат идентичен, уникатен отпечаток, "нешто што може да се случи само ако материјата од Теја и од Земјата се целосно искомбинирани при директен судир."
"Ако Теја само ја имаше закачено Земјата и од тоа настанала Месечината, како што претходно се претпоставуваше, Месечината ќе биде претежно составена од Теја, а карпите од Земјата и Месечината ќе имаа различни пропорции на изотопи од кислород. Ама не е таков случајот," се објаснува во студијата на УКЛА.
Студијата не открива кој дел од планетата е оригинал, а кој е надградбата.