6-ти март, 2012. Главниот веб архитект Небојша вика - Спремни! и удира некаков ентер.
Ете нè и нас во џунглата!
Ви порачуваме "Добро ве најдовме" и нафрламе пар членови од нашиот устав кои важат и денеска. Кој не видел, нека си читне, за подобро да се разбереме.
Екипата и денес иста, попат засилена на пар позиции. Вака изгледаат:
Ги гледате: незаменливиот заменик Јурук кој нè убедува дека се храни со житарки а изгледа како Војвода, Влатко кого од што го сакаме го викаме "Финансовиот", тивкиот Небојша кој знае да среди проблем во рок од 14 наносекунди, Илина (само она држи стрела наместо пушка) која умее да нè задржи и со текст и со донесена торта (плиз, немој со урми), спортскиот Игор (Џамбо, Јумбо, Љумбо, инаку цар дечко) кому стално од негде му дува и врти радијатори накај себе ко да е во Студентски, новиот спортски Филип (Филипче, Вилипче) чии долготрајни проблеми со ’рбетот мистериозно исчезнаа само неколку недели откако ни се придружи (овде кичма последна ќе попушти, со нерви сме нешто послаби), девојките од "Мојата кујна" од чии делиции ни паѓаат вилици па си ги шеруваме на скајп ко порно и - се разбира, феноменалните Емили, Јана, Бетмен, Сандра како и Адо и Џака кои ни ги отвораат чакрите со поинакви теми и погледи од нашите.
Листајќи го сајтот (а никогаш тоа не го правиме, се нема време за носталгичарење), човек ќе се потсети и на годината која ја проживеал:
Тој март 2012-та година, се придруживме на иницијативата за менување на имињата на улиците па излеговме со некоординирани но свои предлози.
Во Скопје елегантно се отвораа салони, таксистите штрајкуваа а народот беше растргнат од дилемата дали со иконите во Свети Димитрија се случило чудо.
Додека прекалените новинарски борци будеа ведри спомени од младоста, новите јунаци од твитер комуната богохулеа со македонски порно наслови а нашите пријатели известуваа за новите охридски богови.
Од поскапувањата на струјата се браневме со песна, а песна не бива без кум, макар бил и на ДБК.
Заклучивме дека и на македонското здравство само уште песна му фали. Неколку песни.
Пренесувавме и надворешни предлози за имиња, а бевме издржливи кога требаше да се фаќаат стенограми од тирадите на Талат. Нешто подоцна комуната проба да продре во неговиот молк.
Заврши летото и започна нова академска година. Амин.
Гледавме да не се караме. Освен кога моравме.
Луѓе, ви се верува ли, во Скопје минатава година се отвори - та дааам - нов трговски центар!
Тука беа и Јована, Медо и член 16, Кундера и писателите - кодоши, а ние бевме трпеливи кога сфаќавме дека сме глупи за државна работа.
Во овие 365 дена на сајтот беа ставени точно 365 девојки. Убави, згодни, голи и рачно одбрани. За жал, сите заедно некогаш недоволни да ни ги избришат ликовите кои би ги заборавиле.
Пар нерепрезентативни Битолчани на Фејсбук ни се налутија, а ние само им завидувавме на најавената орда Украинки.
Забележавме дека Ставревски е зен а Макрадули емотивец.
Ај уште еднаш за оние кои не читале стрипови.
Буџетот? Нормално!
Со медиумите се занимававме некогаш во пакет, некогаш посебно, а некогаш во идно време
Направивме два комплетно нови сајтови: mkd.mk и Кaras4Training
После еднодневно талкање по овие 365 дена на офф.нет, што ни остана најголема енигма? Многу, многу нè занима колкав бериќет му донесоа последните Водици на нашиот омилен скокач.
Ете тоа.
Огромно фала и почит за сите кои се дружите со нас.