Таг: оффнет 1 година

Една година off.net.mk

Точно на овој ден лани, погонот за информирање и разонода Трендоленд го извади на интернет улица своето oмилено возило - off.net.mk. И сега, кое е доминантното чувство после минати 365 дена зад волан, имајќи го до себе најдобриот екипаж наоколу со кој сме продуцирале 9.761 статија и срам ни е да кажеме колку легендарни дружби? Кое е главното чувство кога знаеш дека успеваш редовно да дадеш плата, дека секој ден нè посетуваат десетици илјади луѓе, дека си добил илјадници интересни меилови а сајтот го прогласиле за сајт на годината? Убаво, дечки, убаво. И гласи: Надвор е пролет, живи сме.