Кандидати се:
* Драган Павловиќ Латас
* Драган Каранфиловски Бојс
* Миленко Неделковски
* Онa едно убаво големо куче што го имаше Миленко во студио
* Роберт Поповски
* Слободан Томиќ преку Скајп
* Борјан Јовановски
* Јанко Илковски
* Васко Ефтов
* Иван Исцелителот
* Сафет Бишевац
* Мирка Велиновска
п.с. Кандидатурата на Саше Паралитико е одбиена заради постоење сомневање дека наведениот може да помине на стандарден систематски преглед.
*************************
Како што гледате, во нашата анкета не постои можност за гласање. Ние ова го правиме само за да издејствуваме зголемување на притисокот, кој во последно време ни е страшно паднат, па се снеможуваме и кога гледаме тоалетоидни анкети и кога потоа читаме дека дури и за такви баналности се вршат притисоци, што ја прави атмоферата во која работиме и живееме непотребно напната.
Кој мисли дека треба да прецизираме дали изразот "со муда" е родов или журналистички - се зезнал. Ние имаме паметна публика.