Како готвеше човекот кој се самоуби?

Ако за починати музичари пуштаме нивни песни, дали е невкусно ако за готвачи си спомнеме некои нивни рецепти? Во чест на Беноа Волтиер, 44 годишниот перфекционист кој се самоуби само неколку месеци откако беше прогласен за најдобриот готвач на светот.

Кога последниот декември францускиот туристички борд ја извади својата влијателна листа на најдобри ресторани во светот, извиканиот њујоршки Пер се испадна втор а третото место го фати супер елитниот јапонски Куо Аји.

Двата глобални фаворита беа победени од помалку познатиот швајцарски ресторан на Hotel de Ville. Суверен командант на тој гастрономски брод беше 44 годишниот Беноа Волтиер кој деновиве беше најден мртов во својот дом, во ситуација која на полицијата им личи на самоубиство. Трагичниот крај на Беноа повторно го сврти вниманието кон стресот и притисокот под кој се наоѓаат врвните кујни и нивните мајстори.

Храната на Волтиер беше едноставна но крајно деликатна. Честопати подготувуваше оброци со само два или три елементи, за да го извади нивниот екстракт и да го нагласи најдоброто на користените состојки. 

"Строгоста кон себе е сè поголема", своевремено изјави тој за еден ресторански водич. "'Ништо не може да биде дефинитвно постигнато. Сè мора одново и одново да се прави совршено од почеток до крај".

"Перфектната чинија" на Волтиер има шпагети, јајце, спанаќ, путер и тартуфи. Сè познато па сепак не можете ни да погодите како изгледа таа 'манџа':

 

Што друго се служи во Hotel de Ville:

2 февруари 2016 - 09:24