Во понеделникот претседателот на Рома, Џејмс Палота објави за потпишаниот договор со авиокомпанијата Qatar Airways која ќе биде генерален спонзор на клубот до крајот на сезоната 2020/2021. Вечерва на полуфиналето од Лига на шампиони против Ливерпул Римјаните ќе истрчаат во овие дресови:
Ако вие ретко или не баш внимателно ги следите дуелите на Рома во последните сезони, можеби не сте забележале дека клубот веќе 5 години немал генерален спонзор.
Сезонава Рома беше еден од двата клуба во цела Серија А што играа без спонзор на градите (втора е Сампдорија). Без спонзори на дресовите Рома ја прегази Барселона и тој меч како да беше магнет за гигантите.
Интересно, Qatar Airways стана седмиот генерален спонзор во 90-годишната историја на Рома.
Претходно последен спонзор на дресовите на „Волчицата“ беше италијанската телекомуникациска компанија Wind, со која уште при старите сопственици бил потпишан договор до 2013-та година со спонзорство од 6 милиони евра годишно.
Во 2011-та Рома ја купија американски инвеститори со италијанско потекло а во 2012-та претседател на клубот стана Џејмс Палота којшто зборува исклучително англиски и не знае италијански.
Причина што претседателот Палота дури сега нашол генерален спонзор е тоа што тој сакал спонзорот да биде спонзор и на клубот и на новиот стадион на Рома кој наскоро би требал да почне да се гради.
Но долги години Рома има(ше) административни проблеми со почетокот на изградбата на новиот стадион, изникнуваа нови проблеми секоја сезона (наводно треба да биде готов не пред 2020-та). Притоа Рома барала 15-20 милиони евра за лого на спонзорот на нивните дресови, а никој не давал толку.
Во 2015-та Turkish Airlines предложил 7,5 милиони евра но Палота одбил.
Финансискиот аспект на договорот со Qatar Airlines не е објавен но сигурно станува збор за рекордна зделка во историјата на Рома и една од најголемите во историјата на италијанските клубови воопшто.
Ако внимателно се ги гледале натпреварите на Рома во последните сезони, веројатно сте виделе натписи на нивните дресови но секогаш стануваше збор за добротворни цели.
Често на градите на играчите стоеја натписи Roma Cares, сопствена хуманитарна организација на клубот која што се занимава со образовни програми.
Уште еден специјален дрес Рома имаше за поддршка на добротворната организација Telethon, која што собира пари за научни испитувања и борба со генетски заболувања.
„Новиот стадион којшто ќе почне да се гради годинава и екипата која првпат после 34 години влезе во полуфинале на Лига на шампиони - прекрасно време да се биде навивач на Рома“, вели Палота.
Но има еден проблем: во вторник на Енфилд во првиот полуфинален меч против Ливерпул, дечкото од последната фотографија нема да игра за Рома.