Иван де ла Пења - малиот Буда кој беше пречекан како Папа

На копачки со високи крампони едвај достигнуваше 170 сантиметри, но таков талент Ла Масија ретко кога видела во историјата.

Во летото 1998 Лацио го плати 30 милијарди лири импресиониран од асистенциите кои му ги служеше на Роналдо во Барселона. Но во Италија дојде вон форма, а го пречекаа 2.000 тифози.

Начинот на кој Иван Де ла Пења покриваше 40 метри од теренот го убеди Серџо Крањоти да се вљуби во него. Малиот гениј во сезоната 1996/1997, тогаш 20-годишен стана главен играч во средината на Барселона заедно со Гвардиола.

’Дупките’ за додавање во фор кој тој ги гледаше го направи најдобар геометар меѓу фудбалерите и тоа кога тики-така уште не беше ’родена’. Во тој период на 10 креирани шанси за Роналдо од Де ла Пења, Бразилецот искористуваше 9. Беа неверојатен тандем овие две ’ќелавици’.

Така во летото 1997, претседателот на Лацио се откажа од намерата да тргне по Роналдо кој веќе беше капарисан од Морати. Една година по трансферот на Феноменот во Интер, Крањоти ја посети Барселона и даде 30 милијарди лири (1 евро = 1936,27 лири) плус во меѓувреме уште 48 милијарди лири за Бобо Виери кој имаше рекорд во шпанската Ла Лига.

Составот на Лацио го засилија уште и: Салас кој дојде за 31 милијарда лири (во тоа време еден од најдобрите напаѓачи во Јужна Америка), 24 милијарди лири за Белграѓанецот Дејан Станковиќ, 22 милијарди за левоногиот бомбардер Михајловиќ, 18 за Серџо Консеисао... Преку 170 милијарди лири инвестирани за борба за скудетото по загубеното финале на УЕФА од Интер (Роналдо беше стрелец на тој меч).

Меѓу овие инвестиции прилично голема беше и онаа за платата на Де ла Пења: 6 милијади годино за четири години што во историјата на Серија А им следувало само на Марадона и на Роналдо.

САНДАЛИ И АСИСТЕНЦИИ

Малиот Буда (прекарот оригинално го имаше Роберто Баџо), слета во Рим на 9. јули 1998 година, очигледно надвор од форма, со маичка, шорцеви и сандали.

На аеродромот Фјумичино го пречекаа околу 200 навивачи а други 2.000 беа во тренинг центарот на Лацио, Формело спремни да направат фешта за Де ла Пења. После доручекот (кока-кола и корнет), му следувале медицинските прегледи, па Шпанецот во еден момент се појавил на балконот во базата како Папа.

„Имам спремни асистенции за секој од вас. Роналдо ме сакаше во Интер, но јас го избрав Лацио кој направи да се чувствувам ценет и сакан“.

Сезоната ја почна со дуел од италијанскиот Супер Куп против Јувентус на Липи. Тренерот Ериксон ги имаше сите играчи на располагање освен Виери кого го чекаа уште. Лацио славеше 2-1 со победнички гол на Консеисао во 94’ минута а Де ла Пења се прослави со асистенциите.

ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА МАЛИОТ БУДА

Потоа некако изненадно го снема Шпанецот.

Свен-Горан Ериксон кој никогаш не беше негов најголем фан (Му кажал на Крањоти ’Не ми треба’, а овој му одговорил: ’Ќе ти притреба’), го дистанцирал од првите 11 каде во средниот ред доминираа Алмеида, Недвед и Станковиќ.

Во вкупно 15 настапи во Серија А, на само 4 Де ла Пења се појави од почеток (на сите останати влегуваше од клупа). Во таа сезона Лацио на крајот со неколку бледи резултати му го поклони на Милан скудетото.

Но “Бјанкочелестите“ му се радуваа на вредниот пехар од Куп на Купови кога ја победија Мајорка на Хектор Купер. Ваквиот половичен успех на екипата значеа дека Де ла Пења може да ги врзе сандалите и да се пакува.

Заврши на позајмица во Олимпик Марсеј каде имаше уште една бледа сезона а кариерата му тргна по надолна линија па неверојатниот техничар стануваше резерва: Во Барселона на позајмица (2000-2001) каде веќе не беше идол како некогаш, пак во Лацио (2001-2002) каде за цела една година не го виде теренот. Пред крајот се врати во Каталонија, но не во Барселона туку во Еспањол каде на Барса и направи една мала слатка одмазда кога до два гола го замолкна „Кам Ноу“ и Меси.

НАЗАД ВО ВЕЧНИОТ ГРАД ЗА ПОСЛЕДЕН ПАТ

Како што цел живот одеше натаму-наваму, така кариерата, но не фудбалската, туку тренерската го врати во Рим но не во Лацио. Само што ги закова копачките на ѕид, неговиот добар другар и соиграч од магичната Барса 96/97 го викна да му биде помошник на клупата на Рома. Но Де ла Пења напушти уште не почнат, кога од тренинг центарот мораше да се врати во Барселона поради семејни проблеми.

Тоа беше и последно појавување на малиот Буда во градот кој го пречека како Папа.