Победник на Парламентарниот Типстер е Дарко Миладиноски.
Има 21 година, по потекло е од Кичево а студира на Градежен. Титулата ја освојува затоа што единствен погоди дури 122 седишта. Утнал само за едно (пишал едно помалку кај ДПА).
Кога го прашавме да ни каже нешто за себе, што сака, што не сака, ни пиша:
"Најмногу од сè не сакам да се занимавам со политика".
Ви викаме ние, дечкото е крал.
Инаку, составот на Собранието според оние кои учествуваа на Типстерот би изгледал вака:
Институтот за политички наклапања Трендоленд го повикува семакедонскиот крал да дојде и да ги подигне ветените подароци:
1. ПЛАТЕНА РАДИОДИФУЗНА ТАКСА за период од една година (за да може кралот да биде поврзан со главната машина за производство на кралеви, телевизорот)
2. ЏАМБО ДАЛЕЧИНСКИ УПРАВУВАЧ (Далечинскиот управувач е универзален симбол на моќта. Како што другите кралеви имаат свое жезло, така нашиот крал во секое време во раце ќе може да држи упадливо голем далечински управувач, за на сите домашни и останати присутни да им е јасно во чии раце е нивната телевизиска = животна судбина)
3. КРУНА. Вистинска круна со изгравирано име и презиме, рачно направена од македонската уметничка и изработувач на накит Марија Милошевска.
Упатство за употреба: За да не чувствува постојана тежина на својата мудра глава, кралот не мора да ја носи круната по цел ден и секаде. Таа служи како ултимативно оружје во случаи на политички кавги за време на слави, домашни седенки, гранапџиски анализи и кафански теревенки. Во такви случаи обично доаѓа до комплетно изедначување на силите (никој никого не ферма) а само кралот во тие моменти ќе може да ја извади својата круна, да ја стави на глава и на тој начин убедливо да ги замолчи своите моментални опоненти.
-------------------------------------
Од труповите би сакале да го издвоиме нашиот бавчанџија Богдан Илиевски Бетмен Велит кој има 0 (НУЛА!) погодени седишта бидејќи прогнозирал дека Саше Паралитико ќе седне во сите 123 седишта. Шта речи?
--------------------------------------
Ви благодариме на сите за учеството.
may the joke be with you,
Институт Трендоленд