Контрола на топка, па пас, контрола на топка па пас. Кој тренирал таму, знае дека ова им го даваат за домашна на сите, а нас ни го раскажа лично татко му на Ренато, кој прв од Македонците после Бабунски имаше привилегија да стапне таму.
Јохан Кројф остави еден аманет во Барселона, а тоа оваа фудбалска институција никогаш да не откажува од пас играта која се разви во тики-така. Меси, Иниеста и Чави не се единствените кои ги добија овие лекции како мали. На тоа се работи и сега и затоа ќе вадат јаки играчи.
Се вика Карлес Алења, роден е во едно мало каталонско градче. Има 20 години и веќе го сметаат за можен наследник на Чави во средниот ред. Синоќа на додавање на својот идол го даде првиот гол во шпанското првенство.
Со примената на филозофијата на Пеп Гвардиола. освен првиот тим, секоја категорија во академијата на Барселона морала да се прилагоди на новиот начин на игра. Во таквиот систем имало место за Ибрахимовиќ, ама не и за Икарди кој ги спакувал куферите и си отишол.
Валверде реши на терен од прва минута против Селта Виго да пушти една Барселона без играч од сопствената академија, нешто што не се случило уште од далечното гостување во Баскија пред цели 16 години.
ФК Барселона воопшто не треба да се грижи за својата иднина, бидејќи има школа во која играат најталентираните и најдобрите. Детево не е ни прво ни последно кое демонстрира ваков соло продор. Кој знае што ќе извадат за некоја година од таа силна конкуренција на ѕверчиња.
Момците на Луис Енрике сезонава не успеаа да се изборат ниту за титулата во Ла Лига, ниту во ЛШ, но затоа фудбалската школа на Барселона го обели образот со сезона за паметење за речиси сите возрасти.
„Не сме свесни што ни се случува. До вчера си играше со топка во соба два на два, а сега стигна да гази во Барселона“, вели Јусуф, таткото на нашиот голем фудбалски талент кој на само 7 години ја почувствува магијата на Ла Масија.
Мауро Икарди е роден во Росарио, град во Аргентина со милион жители кој важи за најфудбалскиот град и кој на фудбалот му ги даде Лионел Меси и Анхел Ди Марија. Патот за кратко го одведе Маурито во Барса, но таму не го проценија добро.
Пуиг како Роналдињо и Џејми како Меси во епизода од мечот Барселона - Албасете одигран на 1 мај 2005-та, кога Меси на 17 години стана најмлад стрелец во историјата на Барселона. Разликата на овие два гола е во тоа што Меси ја чекаше да тапне.
Ла Масиа не е во опаѓање со вадење таленти, а тоа го докажува детево кое веројатно за неколку години ќе стане славно име на Камп Ноу. Така барем покажуваат снимките на кои се издвојува и кој покажува дека Барселона ќе прави смена на генерации од својата академија.
Од 2012 до 2015 година дури девет фудбалери кои се производ на легендарната младинска школа Ла Масија, ја напуштиле Барселона и се преселија ширум Европа.
Легендарната школа на фудбалот на Барселона во последно време минува низ сериозна резултатска криза, а играчите од академијата никако да се протнат во првиот тим како нивните претходници.
Ла Масија e расадник на големи таленти. Идејата за формирање на овaa академија е на легендата Јохан Кројф. Голем број деца на овој клуб успеале и во првиот тим на Барселона, но има и многу кои не можеле да се наметнат.
На 11 години Лионел прв пат стапнува во Каталонија, а од целиот свет Барселона е избрана само затоа што таму Меси има роднини. Значително поситен од сите останати, талентот на Меси го препознава само спортскиот директор на Барса, Карлос Рексач. Веднаш потпишува договор со малиот Меси, во ресторан на парче салфетка.