Ако навивачите на Барселона се загрижени кога ќе дојде времето Иниеста да оди во пензија, нека не се разочаруваат, туку нека ѕирнат што се крие во фудбалската академија на нивниот омилен клуб.
Таму го имаат Рики Пуиг, златно дете има 16 години и го споредуваат со Лионел Меси, поради изгледот и позицијата на која обично игра. Но тој повеќе личи на Иниеста, пред сè поради интелигенцијата која ја покажува преку брз и прецизни додавања во клучни моменти.
Рики заигра и во Б тимот на Барселона, а учествуваше и на Future Cup каде учествува Арсенал и Андерлехт. Барса не успеа да го освои турнирот, но за најдобар играч беше прогласен токму Рики, уште еден доказ за тоа што чуваат Каталонците во својот подмладок.
Андрес Иниеста има 31 година и сè уште игра во топ форма, а ништо чудно за некоја година како негова замена во игра да се појави Рики.