Извештајот кој го направи швајцарската фудбалската осперваторија CIES се однесува за месец октомври, а број 1 со 44 талентирани фудбалери е Ла Масија. Десет од нив се дел од академијата, а другите 34 тренираат во други клубови во топ 5 лигите во Европа.
Атлетик Билбао се истакнува со најголема бројка од 18 талентирани деца кои ги имаат задржано во својата академија, а оние кои поминале низ школата на Монако имаат најголема минутажа од 64,8 проценти во просек по натпревар.
Минутажа од над 50% бележат и децата на Лион, Реал Мадрид, Реал Сосиедад и Баерн Минхен. Октомврискиот извештај се однесува на таленти меѓу 15 и 21 година, кои минимум три години биле во академијата.
Примери за едно вакво истражување се талентите на Манчестер Јунајтед Аднан Јанузај кој е позајмен во Борусија Дортмунд и Пол Погба кој настапува за Јувентус.