Аргентинците, како и многу други народи веруваат дека се „избраниот народ“, дека Бог е нивен. Само би сакале да им помага повеќе, особено денес кога Аргентина, шеста најбогата држава на светот во ’90-те години (имало повеќе коли и телефони во Буенос Аирес отколку во Италија и Франција), е финансиски задолжена „до гуша“, минува низ тежок период, а иако ги имала и двајцата од тројца најдобри играчи на сите времиња, освоила само два Мундијали (Бразил има пет).
Ако титулите и парите лежат во Capital Federal, во сенка на обелискот 9 de Julio, има еден друг важен фудбалски град во Аргентина: град кој се наоѓа во централна Аргентина и во кој за фудбалот се зборува како во Париз за теологијата во XX век.
Розарио се наоѓа исто оддалечен од два океани, а низ него минува голема река. Во градов покрај стандардното време, се брои и фудбалско време, тогаш кога се игра фудбал, се друго застанува.
Поврзаност со ова место имаат неколку најдобри 10-ки во историјата на Аргентина. Кога го прашале Марадона, кој тука одиграл пет незначајни натпревари во 1993. година, на кое место поминал најубаво, тој одговорил:
„Ако со една жена може да поминете 20 часа без да се случи ништо посебно, со друга доволни ви се 20 минути да поминете најубаво на свет, а тоа ми се случи во Розарио“.
Друга голема El Diez (Десетка), онаа од денес, нема потреба ниту да си оди, ниту да доаѓа, затоа што покрај големата река се родил, израснал и на 12 години заминал Лионел Меси.
Гарантираше и вети дека кога ќе биде пред крајот на кариерата, ќе се врати да заигра во омилениот клуб, негов и на татко му.
Градот на фудбалот, Розарио можеби не е единствен по ривалствата (ги има и во Буенос Аирес), но сигурно е најподелен. Најголеми ривали од Розарио се Чентрал и Њуелс. Ако си од Розарио, остануваш приврзан на еден од овие два клуба во провинцијата Санта Фе. Во Розарио секогаш има „ние“ и „тие“. Или си Canalla или си Leproso.
Лионел Меси првите топки ги шутирал облечен во црвено и црно во фудбалската школа Малвинас Архентинас, место каде израснаа и други светски признати фудбалери како Габриел Батистута, Маурицио Почетино, Валтер Самуел , Габриел Хајнце, Нестор Сенсини и Макси Родригез, денес капитен на Њуелс.
Ако отпатувате во главниот град Буенос Аирес ќе видите пеколни ривалства меѓу Бока, Ривер, Расинг, Сан Лоренцо и Индепендиенте, но никаде не било како на Clásico Rosarino. Го потврдува тоа секој навивач и новинар кој бил на денот на дербито (таму не го викајте “derby”, por favor) на стадионот Gigante de Arroyito или на Coloso del Parque денес преименуван во Марсело Бјелса, уште еден аутсајдер на модерниот фудбал и миленик на старата школа.
„Ќе го предизвикаме Лео Меси кога ќе дојдам јас“, им вети на навивачите на Централ еден од оние кои остави голем траг во клубот: Анхел Ди Марија Ернандез, во Розарио познат како Фидео.
Клубот Торито го продал во Розарио Централ за 26 топки од кои неколку никогаш не стигнале до правата адреса.
Розарио, како и цела Аргнетина денес е многу поинаков од времето во кое се возеле луксузни коли и ѕвонеле модерни, исти телефони. Далеку е и 2001. година, година на страшна криза кога биле преземени мерките на штедење Corralito.
Ди Марија тогаш му помагал на татко му во продажбата на дрва и ќумур по луѓето. Анхел бил слаб и низок по раст, така што тоа морал да го надополнува со напорни тренинзи. Неговата необична конституција со која тренирал за Розарио го натерала тренерот да го викне во првиот тим.
Анхел Тулио Ѕоф, најсаканиот лик во историјата на Централ. Ди Марија дебитирал во аргентинската Примера токму под негово водство. Од тој момент Ди Марија ги забавувал навивачите со прекрасни голови и дриблинзи.
Во Розарио има многу игралишта на кои играат талентирани деца кои сонуваат да бидат некој иден: Хорхе Валдано, Батистута, Абел Балбо, Нестор Сенсини, Самнуел, Гаљехо, Мартино, Макси Родригез.
Од Розарио потекнува и Хорхе Грифа, икона на Њуелс кој прво играл за овој клуб, па станал тренер. По искуството во Розарио, Грифа станал тренер на Бока од каде пред да замине играчи прави од Тевез, Бурдисо, Гаго и Евер Банега.
Денес Грифа е советник во Индепендиенте, а го води и својот клуб за млади таленти основан во 2006. година. Од таму талентите ги праќа во Розарио Централ, клуб кој го имаше страшниот талент Џовани Ло Целсо. Џовани го следеше патот на својот идол Ди Марија и замина кај богатите шеици во ПСЖ.
Планот на Ди Марија за „конечна пресметка“ меѓу неговиот Розарио Чентрал и Њуелс Олд Бојс на Меси го поддржале уште и Езеквиел Лавеци, Хавиер Маскерано и Анхел Кореа, сите навивачи на Жолто-сините кои еден ден планираат да се вратат и да го одиграат ова пеколно дерби. Во градот на фудбалот.