Таг: габриел батистута

Топ 5 голчишта на Батистута против 5 европски гиганти

Габриел Омар Батистута денеска полни 55 години. Беше славна и моќна аргентинска 9-ка, кој и ден денес важи за икона на Фиорентина. Се повлече пред 20 години со 238 клупски и 54 репрезентативни голови. Му се тресеа голманите. Одиме со негови неодбранливи мајстории против Арсенал, Манчестер Јунајтед, Барселона, Јувентус и Интер.

Аргентинска фешта со 12 гола, хет-трик на Меси и погодок на Батистута

42 годишниот Макси Родригез одигра проштален натпревар кој мина спектакуларно во клупската средина каде ја почна и ја заврши кариерата. Ѕвезда на вечерта беше Лео Меси.

Занети, Малдини, Батистута: Колку е важно во управа да има клупска легенда?

На фестивалот за спорт во италијанскиот град Тренто се појави Габриел Батистута, кој се пријави да стане дел од раководското на Фиорентина. Зошто тоа некаде успеа, а некаде не?

Пикси за врвните пофалби од Батистута: Мора да сте го опијаниле

Селекцијата на Србија се подготвува за септемвриските предизвици во Лига Европа против Шведска и Норвешка во Лига на нации. Селекторот Драган Стојковиќ доби прашање да ја искоментира изјавата на Габриел Батистута кој го спореди Пикси со Пеле, Марадона и Кројф.

Ќе се зборува на генерации каков шпиц беше Г.О.Б

Аргентинецот беше синоним за врвен центарфор, прав голгетер, шпиц сидраш кој ги тероризираше голманите со лева, со десна, со глава, од слободен удар, од пенали, буквално секако. Носталгичарите со посебна драж се сеќаваат на него.

Роденденска фешта во Фиренца за Габриел Омар Батистута

Славниот напаѓач на Фиорентина на 1 февруари наполни 50 години. И 60 дена потоа се слави денот кога е родена оваа икона на Фиорентина и тоа на плоштадот во италијанскиот град каде го сакаа од најстаро до најмладо. Никој друг немал ваква чест во Фиренца.

Батистута наполни 50 години - кои беа 20 негови најдобри голови?

На 1 февруари во 1969 година во градот Авеланеда во реонот Санта Фе во Аргентина се родил човекот кој стана миленик на многу генерации.

Кој ќе дава голови во Фиренца кога ќе го нема Батигол?

Пазете колку е јако видеово. Енрико Киеза го држи во раце син му Федерико кој добива прашање: Батистута си замина од Фиорентина, кој ќе дава сега голови? Толдо. Ама Толдо е голман, потребен е напаѓач. Кој ќе го купите, кој ќе дава голови. Јас, одговара малиот Федерико.

Кваљарела е луд

„Старото“ нема намера да застане. Игра во сјајна форма и дава голови на 11 меча по ред што не се случило уште од далечната 1994 година.

Дресот на Батигол кој те тера да одиш до трафика

Се сеќавате ли на дресовите на Фиорентина од сезоната 1992/1993? Тешко дека ќе се сетите, бидејќи во тоа време уште немаше преноси на Телма од италијанско. Се работи за пијалак сличен на Спрајт кој по некоја случајност му е омилен на Кире Лазаров.

Зошто дербито на Буенос Аирес е најдобро на свет?

Во 105-годишната историја на ривалство меѓу Бока Јуниорс и Ривер Плејт, фудбалерите и навивачите на двете екипи направиле сè што е возможно за ова дерби да стане најмоќно во светот. Зошто овој вековен дуел стана туристичка атракција и сон на многу луѓе ширум светот.

И Пандев меѓу најпознатите случаи „давам гол и не се радувам“

Салах е експерт по материјава затоа што веќе даваше голови без да се радува против поранешните тимови Фиорентина, Челси и Рома. Величината ја докажуваа уште неколку други фудбалери меѓу кои Батистута и Симеоне.

Батигол стрелец на Олимпико, а не можеше од кревет да стане

Славниот Гарбиел Омар Батистута имаше тешки кризи после завршувањето на кариерата до толку сериозни што размислуваше за ампутирање на нозете. Но поранешниот напаѓач на Рома се врати на старо место после 15 години и повторно заигра фудбал.

Најголемите 10 неверства во фудбалот

Во Италија ги нарекуваат измамници бидејќи парите им се пред љубовта кон дресот. Најтазе е случајот со Донарума, но низ историјата на фудбалот ги има многу, а најмногу боли кога одат кај градскиот ривал. Тоа е, не се сите Тоти, Малдини, Ѕанети, Гигс, Сколс...

Страшната акција на Диего и најлудиот коментатор ’94-та

На една од најубавите средби од Мундијалот 1994 година во САД, Аргентина со 4-0 ја збриша Грција. Три парчиња им спакува Габриел Батистута а голот на Марадона во 60-та минута го збудале и коментаторот и самиот Диего кој подоцна го суспендираа поради тоа што паднал на ефедрин.

Градот на фудбалот и конечната пресметка

Главен фудбалски град на Аргентина не е Буенос Аирес, туку Розарио. Во ова место, на грбот на ривалитетот меѓу „Канаљас“ и „Лепрозос“ израснале најголемите таленти во земјата.

Аргентина сака да го прекине 23 годишниот пост

Генерацијата на Меси, Агуеро и Анхел Ди Марија никогаш не освоила трофеј во сениорска конкуренција. Сега имаат голема шанса да ја израдуваат нацијата, првпат после 1993. година.

Како изгледа безвременската Аргентина

Фудбалскиот сојуз на Аргентина пред Новата година ја состави најдобрата селекција на сите времиња. За разлика од другите такви тимови, се чини дека овој навистина е најдобриот и не е составен од оние кои цел свет ги знае. Во Аргентина ги знаат.

9 напаѓачи кои туристички беа во Интер

На миланскиот клуб во моментов му оди добро, лидер е во Серија А и сериозно го напаѓа Скудетото и во таква ситуација ретко кој се сеќава на напаѓачите кои во Интер беа само како туристи и одиграа споредна улога.

Виолетова носталгија со Толдо, Батистута и Руи Коста

Откако синоќна го прегази Интер со 1:4 на Џузепе Меаца, екипата на Фиорентина за првпат после сезоната 1998/1999 е лидер на табелата во Серија А. Се потсетивме кои фудбалери играаа за виолетовите во тоа време.

Пукај Бенатија пукај

Раководството на Баерн Минхен го опоменало Мароканецот да престане да ги слави головите со имитирање на пукање од митралез и тој ги послуша уште во првото коло.

Солзите на Батистута кога и пресуди на својата Фиорентина

Се сеќавате ли кога славниот Габриел Омар Батистута ја напушти Фиорентина после девет години и потоа како да не можеше да се помири дека му даде гол на својот довчерашен клуб на кој му беше верен и во втора лига?

Руни жали што не играл со Ширер

Пред пријателската со Италија вечерва во Торино, Вејн Руни изјави дека најголема желба како млад му била за репрезентација во напад да игра со Алан Ширер. Од Хески и Дефо до Бент и Крауч, Руни сменил 10 ортаци во нападот.

Батистута сакал да ги ампутира нозете

Легендарниот бомбардер на Фиорентина, Рома и Интер во интервју за аргентинскиот канал Тик Спротс го раскажа својот ноќен кошмар.