Габриел Батистута не е член на Фиорентина веќе две децении, но тој не излегува од меморијата на секој нивни навивач кој сè уште немаше дочекано таков шпиц со убиствен голгетерски инстинкт.
Фиренца е толку приврзана за него и ден денес, што реши да го повика да отпатува од Аргентина до Италија, за да им биде гостин, а тие да му организираат роденденска забава во годината кога ја слави јубилејната 50-ка.
На Пјаца дела Сињориа се собраа 6.000 навивачи кои го скандираа негово име, а пристигнаа навивачи и од други градови кои го сакаат. На голем видео бим пуштија 50 голови поради неговите 50 години, инаку ги има вкупно 207.
На бината се качија негови поранешни колеги како Торичели и Стефано Пиоли, актуелниот тренер на Виолетовите со кои заедно го носеа дресот на Фиорентина. За него се собраа многу луѓе, од градоначалникот на градот па се до двајцата масажери од негово време.
Домаќините му напишаа и порака на лист хартија која му ја подарија:
„Градот Фиренца слави потсетувајќи се на периодот кој го помина тука со мисла на едно незаборавно време во кое на славен начин го носеше дресот на Фиорентина. Твоите неспоредливи спортски гестови се добро меморирани во секој кој те обожаваше. Фиренца и цел навивачки дел од тука ти се вечно благодарни и ти посакуваат тебе и на твоето семејство многу среќа“.
Популарниот Батигол го носеше дресот на Фиорентина од 1991-ва до 2000-та година и сè уште е најдобар стрелец на клубот во Серија А каде постигна 152 гола.
Не успеа да освои Скудето, само Куп и Супер Куп на Италија, но затоа ги освои срцата на навивачите. Никогаш нема да му го заборават гестот во 1993-та кога реши да игра за Фиорентина кога испадна во Серија Б. Само на легенди како него може да му организираат вакво нешто.
Мајка му се расплаче од возбуда