Како изгледа безвременската Аргентина

Фудбалскиот сојуз на Аргентина пред Новата година ја состави најдобрата селекција на сите времиња. За разлика од другите такви тимови, се чини дека овој навистина е најдобриот и не е составен од оние кои цел свет ги знае. Во Аргентина ги знаат.

Голман - Убалдо Фиљол

Најдобриот голман на Мундијалот во 1978. година кој го освои токму неговата Аргентина. На фотографијата го брани ударот на Роб Ренсебринк од Холандија во финалето. Фиљол важи за еден од најдобрите јужно-американски голмани во историјата.

Десен бек -Хавиер Занети

Легендата на миланскиот Интер, човек со бесконечна кариера кој играше на две Светски првенства, а можеше да игра минимум на четири. Во 2006-та во Германија не го повика Хосе Пекерман, а во 2010. во Јужна Африка Диего Марадона. Занети со 145 настапи и натаму е рекордер по бројот на мечеви за Аргентина.

Стопер - Роберто Перфумо

Централниот дефанзивец од 60-те и 70-те години го викале Маршалот. И покрај тоа што има скромни 37 настапи за аргентинската репрезентација, Перфумо останал во сеќавање како еден од најдобрите халфови на Гаучосите.

Стопер - Даниел Пасарела

За него може да се каже со сигурност дека е најдобриот аргентински централен бек на сите времиња, и не само аргентински. Освои две светски првенства со својата земја (на фотографијата го држи пехарот освоен во 1978-ма) и во 1986-та. Иако играл во одбраната, и натаму е меѓу првите 10 голгетери на својата земја.

Лев бек - Алберто Тарантини

Една од ѕвездите на Мундијалот од 1978-ма. Офанзивен лев бек со фантастична кариера.

Централен играч за врска - Мигел Анхел Бриндизи

Полушпиц, универзалец кој можел да игра и како крило. Ги тероризирал противниците во ’70-те години од минатиот век. Дал 17 голови за Аргентина, но не стигнал да го освои СП 1978-ма.

Централен играч за врска - Фернандо Редондо

Го паметиме од Реал Мадрид во ’90-те. Елегантен плејмејкер кој играше на секој дел од средината. За репрезентацијата одиграл околу 30 натпревари до конфликтот со селекторот Пасарела после СП 1994 во САД. Се верува дека не отпатувал на Мундијалот во Франција 1998-ма затоа што го терале да се ишиша, а тој одбил.

Диего Марадона

Лионел Меси

Напаѓач - Марио Кемпес

Херој и најдобар стрелец на Мундијалот 1978. Со неговите два гола Аргентина во финалето ја победи Холандија.

Напаѓач -Габриел Батистута

И ден денес најдобар стрелец на Аргентина на сите времиња со 56 голови на 78 меча. Меси му е најблизу.