Зошто дербито на Буенос Аирес е најдобро на свет?

Во 105-годишната историја на ривалство меѓу Бока Јуниорс и Ривер Плејт, фудбалерите и навивачите на двете екипи направиле сè што е возможно за ова дерби да стане најмоќно во светот. Зошто овој вековен дуел стана туристичка атракција и сон на многу луѓе ширум светот.

На фудбалската карта на светот има неколку градови кој два-три пати во годината се претвораат во арена за мечот меѓу двата клуба.

Страшен ривалитет има во Истанбул, во Глазгов, во Рим, во Манчестер, во Севиља, во Белград итн. Но Суперкласико, аргентинското дерби на два клуба од главниот град без дилеми важи за најголемо дерби.

***

Два пати во годината Буенос Аирес стои на два часа. Улиците се полу-празни, повеќе се користи јавен превоз, се затвораат разни продавници а вклучен телевизор ќе најдете дури и во кабинетот на претседателот на земјата.

Во тие два часа сè застанува затоа што играат главните клубови во Латинска Америка - Бока Јуниорс и Ривер Плејт. Првото Суперкласико, откако во Аргентина фудбалските клубови станале професионални (1931-ва), завршило неславно.

Напаѓачот на Бока, Вараљло промашил пенал па се потпрел над голманот на Ривер Ирибарена, му ја избил топката од раце и ја вметнал во гол. Судијата го признал голот зошто во тоа време според правилата не било забрането да му ја избиеш топката на голманот од раце), но играчите на Ривер жестоко реагирале на таквата одлука.

Тројца од нив биле исклучени но останале на терен во знак на протест. Брзо избила голема тепачка, се појавила полиција а нередите се прелиле и на трибините. Полицијата морала да користи водени топови зошто навивачите одбивале да го напуштат стадионот. Мечот бил прекинат а на Бока Јуниорс и биле одземени бодовите.

****

Интересно и двата клуба се основани во пристанишниот реон на Буенос Аирес - Ла Бока, но во 1925 година луѓето од Ривер Плејт го преселиле клубот во многу побогатиот реон Нуњес после што екипата го добила прекарот „Милионерите“. Бока останала клуб на пристанишните сиромашни докови и италијанските мигранти (оттука и прекарот Xeneizes - Џеновјани).

Во 2011-та Ривер Плејт првпат во својата 110-годишна историја испадна во втора лига. Навивачите на Бока излегле на улиците на Буенос Аирес како да е празник со тоа што во кортеото носеле огромен сандак во бело-црвени бои.

Навивачите на Ривер не останале должни, излегле да ја бранат честа на својата љубов и како резултат на тоа медицинска помош побарале стотина лица.

Во 2015-та на меч од осминафиналето од Копа Либертадорес навивачите на Бока Јуниорс прскаа од противпожарните апарати и активираа солзавци во подтрибинскиот тунел кога таму проаѓаа фудбалерите на Ривер. Четири играчи завршија во болница каде ги лекувале од труење.

Претседателот на Бока упатил официјално извинување до ривалот но кажал дека екипата не е должна да страда од дејствијата на несовесни навивачи и изразил спремност да се најдат кривците.

И покрај тоа клубот беше дисквалификуван и исфрлен од Копа Либертадорес а Ривер Плејт им фрли сол на раната со тоа што таа сезона го освои ова најголемо натпреварување во Јужна Америка, по трет пат во својата историја.

****

Но сево ова е ништо во споредба со најтрагичното дерби кое се играло на домашниот стадион на Ривер - „Монументал“ на 23 јуни 1968 година.

Тогаш се случила катастрофата позната како "Tragedia de la Puerta 12" („Трагедијата на 12-та порта“) кога во стампедо кај 12-от влез загинале 71 лице а 150 биле повредени.

Таа трагедија станала најстрашната во историјата на аргентинскиот фудбал. Просечна возраст на загинатите навивачи не била над 19 години.

Несреќната порта 12

Постојат неколку верзии за трагедијата. По една, навивачите на Бога им ги украле знамињата на ривалските навивачи кои виселе од горните нивоа на трибината. Во одговор навивачите на Ривер фрлиле бакљи под нив со што предизвикале паника меѓу навивачите на Бока Јуниорс кои хистерично бегале кон излезот.

Друга верзија вели дека навивачите на Ривер почнале да влегуваат на гостинската трибина и со тоа да испровоцираат нивно поуспешно бегство. Трета везија ја криви полицијата која наводно ги стеснила навивачите на Бока и не ги пуштале да излезат.

Вистината, за жал, никогаш не се октрила.

На крајот од сезоната 68 професионални клубови во фудбалската асоцијација на Аргентина собрале повеќе од 100.000 пезоси за помош на семејствата на жртвите.

****

Еднакво безумие владее и на самиот терен за што и се родило Суперкласико. Во дербито на Буенос Аирес играле многу играчи кои станаа легенди на аргентинскиот фудбал - Марадона, Алфредо Ди Стефано, Хуан Рикелме, Габриел Батистута, Мартин Палермо, Ариел Ортега, Марсело Гаљардо, Клаудио Каниџа и др.

Стадионите „Бомбонера“ (официјално се вика „Стадион Алберто Армандо“) и „Монументал“ биле сведоци на историски дуели. Суперкласико стана и Мека и Медина за европските скаути.

Еден од главните актери на ова страшно дерби е Диего Марадона кој во Бока дошол после пет години поминати во Аргентинос Јуниорс каде постигнал 116 гола н 186 меча во првенството и станал ѕвезда во тамошниот фудбал.

Во населбата каде играла Бока живеел и работел татко му на Марадона, Читоро. Не му преостанувало ништо друго освен да тргне по стапките на татко му. Диего затоа не можел да ги задржи солзите кога првпат излегол на терен во дресот на Бока. Играл за тим од реонот во кој долги години работел татко му.

Првото Суперкласико Марадона го играл на 10 април 1981 година кога имал само 21 година. „Бомбонера“ која собира 60.000 гледачи била преполна до последно место. Се играл меч за титулата.

Сино-жолтата половина од Буенос Аирес не сакала да помисли на сценарио по кое Бока може да изгуби од Ривер.

Херој на неверојатната битка станал токму Диего Марадона кој постигнал гол на своето дебитантско дерби и за век векови го запишал своето име во историјата. Голот на кој му претходеле неколку дриблинзи пред да го матира првиот голман на Аргентина Убалдо Фиљол бил прогласен за најубав гол на годината во првенството.

Марадона на овој меч ги дриблал противниците како што ќе посакал. Со овој триумф Бока станала шампион а Марадона брзо прераснал во ѕвезда на репрезентацијата и еден од најдобрите млади фудбалери на светот.

После една година се преселил во Барселона.

****

Кај омразените ривали на Бока најголема ѕвезда бил Алфредо Ди Стефано кој во Ривер Плејт играл во првите години од својата професионална кариера и станал дел од екипата која освоила две шампионски титули во втората половина од ’40-те години.

Но Ди Стефано не стигнал да остави голем траг во Ривер како што оставил во Реал Мадрид подоцна, затоа што во 1949 година како резултат на штрајкот на фудбалерите, заминал да игра во Колумбија.

Габриел Батистута, дете од школата на Њуелс Олд Бојс (од каде после 12 години во Шпанија ќе отиде еден Лионел), успеал да игра и за двата најголеми клуба во Аргентина.

Додека во Ривер Плејт не му одело во шпицот на нападот (дал само 4 гола на 21 меч), во Бока, која што го купила перпсективниот центарфор дал 13 гола на 30 меча. Притоа огорчен на својот поранешен клуб, на Суперкласикот на Ривер му дал два гола на еден пред-сезонски меч кога во Аргентина традиционално се играат мини-турнири.

Не ги освоил навивачите на Бока па после една година тргнал по патот на Марадона - во Европа. За разлика од Диего, ГОБ бил редок гостин на трибините меѓу „Џеновјаните“. Уште една икона на Суперкласико е Хуан Роман Рикелме, фудбалерот „пратен од Бога“ на кого не му тргна во Европа но во Аргентина беше славен како идол.

Карлос Тевез еден од најпознатите актери на Суперкласико, ден-денес лидер на Бока

Рикелме стана божество меѓу „сино-жолтите“ навивачи поради бројот на голови од својата позиција и по филигрантски точните пасови до соиграчите. Рикелме постигнал дури 6 гола во мрежата на Ривер, притоа три од нив ги дал во двата четвртфинални меча од Копа Либертадорес во 2000-та кога Бока се пласира понатаму.

Освен тоа, Рикелме е автор на еден од најубавите голови на Суперкласико, од слободен удар во мар 2014 година. За негова жал не ја спасил екипата од пораз 1:2.

До денешен ден Бока Јуниорс победила на 84 градски дербија а Ривер Плејт славел на 81.

За волја на вистината Ривер може да се пофали дека изнедрил многу поголеми ѕвезди кои подоцна танцуваа ширум Европа. На пример Ернан Креспо се сладел на победата на Ривер против заклетиот непријател во април 1994 година кога го дал вториот гол за Ривер во 86’ минута:

Интересно, Креспо тогаш уште немал полни 19 години.

По неговите стапки во големото Суперкласико тргнаа и Марсело Салас и Гонзало Игуаин кој на 18 години постигна два гола во мрежата на Бока после што тренерот на Ривер Даниел Пасарела изјавил дека „Пипита“ има неверојатна иднина и дека ќе биде суперѕвезда:

Брзо стигнал до белешките на скаутите на Реал Мадрид и после два месеци се пресели на „Сантиаго Бернабеу“. 

Фудбалерите на Ривер Плејт се сопственици на два рекорди во дербито на Буенос Аирес. Најдобар стрелец на Суперкласико е Анхел Лабруна, еден од фудбалерите на славната ’Ла Машина’ (така го викале Ривер Плејт во ’40-те години поради непобедливоста).

Анхел Лабруна играл 20 години за Ривер и станал стрелец на 16 гола проти омразениот ривал. Најмногу дербија од сите (42) одиграл Рејналдо Мерло од Ривер Плејт. Него го викале „Mostaza“ (Мајонезот) поради светлата боја на коса.

„Милионерите“ се и победници на првото официјално Суперкласико кога уште немало професионални клубови, дерби кое се играло во 1913 година и завршило 2:1 за Ривер.

ПРЕКАРИ

Надимакот „кокошките“ се појавил во 1966 година кога “милионерите“ од Ривер воделе 2:0 против Пењарол но на крајот изгубиле 2:4. Тогаш на крајот од мечот некој од уругвајските навивачи во знак на понижување на противникот на теренот пуштил кокошка.

Во 2002 година кога Ривер гостувал кај Килмес, почетокот на второто полувреме бил одложен затоа што домашните навивачи пуштиле на терен десетина петли и кокошки во боите на гостите.

Навивачите на Ривер ги презираат оние на Бока и ги викаат „свињите“ поради тоа што стадионот „Бомбонера“ се наоѓа на самата река и неретко оттаму доаѓа непријатна реа.