Статистика: 12 меча, 2 гола
Батигол имаше 34 години кога дојде во Интер. Итно го донесоа за да го замени повредениот Ернан Креспо. Габриел постигна гол против Пјаченца и Комо. Од него можеби очекувавме повеќе, не размислувајќи дека беше пред пензија.
Во Интер од февруари 1992 до ноември 1995 година
Статистика: 37 меча, 5 гола
Дете на Интер, роден во Милано. Во него претседателот Масимо Морати гледаше иднина на клубот, но околностите беа такви што напаѓачот не стана легенда на Интер. Подоцна беше стрелец на гол во финалето на Европското 2000-та година, а ние повеќе го паметиме како поранешен играч на Рома.
Во Интер од јули 1996 до јануари 1999 година
Статистика: 12 меча, 1 гол.
Лекарскиот тим на Интер откри дека Олимпискиот шампион со Нигерија од Атланта има срцеви проблеми, поради што напаѓачот пропушти речиси една година. Цело време се молеше и читаше Библија во Милано, но вистинското нешто од него дојде дури кога премина во Арсенал.
Роби Кин, ИрскаВо Интер од јули 2000 до јули 2001
Статистика: 6 меча, 0 голови
Марчело Липи го величаше Ирецот како „најдобриот млад играч што некогаш сум го видел". Проблем настана кога Липи набрзо беше отпуштен, а останатите тренери на миланскиот клуб не видеа потенцијал во напаѓачот. Мора да се каже и дека конкуренцијата во нападот на Интер во тоа време беше пеколна. После шест месеци Кин се врати во Премиер лигата и продолжи во дресот на Лидс Јунајтед.
Адриан Муту, Романија
Во Интер од јули 1999 до јули 2000
Статистика: 10 меча, 0 голови
Младиот Романец како да му ја даде штафетата на Роби Кин. Точна една година пред него, Муту го почувствува шармот на играта за Интер. Не сакаше да седи на клупата и отиде на позајмица во Верона, а потоа го напушти Интер и каде не играше.
Лукас Подолски, Германија
Во Интер од јануари до јуни 2015
Статистика: 17 меча, 1 гол.
Лукас цело време настапуваше за германската репрезентација и од него се очекуваше многу. Освен пар сезони, неговата клупска кариера е просечно бесрамна. Во Интер остана запаметен само по еден гол, а во моментов игра во Галатасарај.
Томазо Роки, ИталијаВо Интер од јануари до јули 2013
Статистика: 12 меча, 3 гола
Напаѓачот кој со својот изгледа можеше да заплаши само некоја домаќинка, а не и противничкиот голман од Лацио во Интер се пресели на 35 години. Не направи ништо страшно важно за Нераѕурите, освен победничкиот гол против Удинезе.
Диего Форлан, УругвајВо Интер од август 2011 до јули 2012
Статистика: 18 меча, 2 гола.
Уругваецот во Интер дојде на возраст кога за него беа заинтересирани екипи како Спартак Москва, Галатасарај, Депортиво. Статистиката му ја пореметија повредата и целопкупната криза во клубот ког во една сезона смени три тренери во чекор.
Хакан Шуќур, Турција
Во Интер од јули 2000 до јануари 2002
Статистика: 24 меча, 5 гола
Бикот од Босфорот во Италија како легионер дојде на 30 години. Во странство не се пронајде себеси, се врати во татковината и продолжи да дава голови во Галатасарај како ништо да не се случило.