Батигол се прослави во дресовите на Фиорентина и Рома. Во 90’ години секој клинец сакаше да биде како него. Во составот на Фиорентина Батистута го освои Суперкупот и Купот на Италија во сезоната 95/96. Со Рома стигна до драгоценото скудето - шампионска титула во сезоната 2000/01.
По завршувањето на кариерата, Аргентинецот имал сериозни болки во колената и многу пател:
„Докторе, исечете ми ги двете нозе, јас не можам веќе вака. Не можам и не сакам! Подобро да бидам како Оскар Писториус (атлетичар од Јужна Африка без две нозе). По крајот на кариерата не можам да одам. Не станував од кревет по ден, два, месец... Бев во тешка деперсија. Докторот го одби моето барање за ампутација. Ми го фиксираше зглобот со помош на штрафови. Кај мене проблем беше што во нозете немав здрава коска и жила. Сите мои 86 килограми им тежеа на коските. Помина долго време додека болката не се смири“, признал Батистута во интервју за каналот TyC Sports.
ФИФА го стави на листата од 125 најдобри живи фудбалери на сите времиња а Батистута влезе и во Куќата на славните на Рома. Неверојатниот центарфор е втор најдобар стрелец во историјата на Аргентина со 54 гола за репрезентацијата.
Во 1992 година постигнал 12 гола на 11 меча по ред за репрезентацијата (по два гола против Венецуела, Брег на Слонова Коска и Австралија). Со својата земја играше на три Светски првенства.
Стана првиот фудбалер што дал хет-трик на два различни Мундијали: на 21 јуни 1994 година против Грција и на 21 јуни 1998 против Јамајка.
Во Серија А се уште важи неговиот рекорд со гол на 11 натпревари по ред за Фиорентина (Фабио Кваљарела може да го престигне ако даде гол против Наполи во сабота).
Батигол е и најдобар стрелец на Фиорентина во Серија А со 152 гола. Во 2005 година својата фудбалска кариера ја заврши во катарскиот Ал-Араби.
По крајот на играчката кариера кратко беше дел од стручниот штаб на „Гаучосите“ и беше технички секретар во Колон Санта Фе.