Векот на мрморецот

Македонија, те едно те исто

Еден Енглез акал по Македонија пред стотина и кусур години па напишал книга за тоа што видел овде. Ќе ви издвојиме само неколку цитати од книгата, за сами да процените колку овде се неменуваат работите. И другпат кога ќе се вратите од 10 дена одмор, да не малтретирате луѓе со она "што има ново?". Овде нема ново со векови.

Човекот се вика Џорџ Фрeдерик Абот и бил етнолог по професија. И тоа не oнака, туку научен соработник на Кембриџ. Бидејќи секој научен соработник, од страна на тогашнитe отомански власти бил восприеман како шпион, за да добие виза, Абот морал да се претставува како "газетаџи", односно дописник на некој француски весник (чиј што уредник му бил другар па му дал пемпеле дека работи за нив).

Турците му издале виза ама заедно со неа му доделиле и полициски надзор - така што улогата си ја играл до крај па одвреме- навреме седнувал среде меана и пишувал новински текстови.

Кога се вратил во Британија, дел од тие текстови ги објавил во Гардијан за потоа заедно со уште некои други написи да ги собере во книгата "The Tale of a Tour in Macedonia" (1903.).

Македонија, тогаш:

Навистина, ниту една друга земја немала толку голема потреба од лудница како Македонија.

 

Вистинска комедија на грешки, во која никој не знае кој е кој, но сите инстинктивно чувствуваат дека сите се некој друг.

 

Може да биде опишан како регион населен со новородени души, кои талкаат во потрага по тела, и се губат себеси во потрагата.

Книгата тука

Нека врти:

9 октомври 2014 - 10:23