На стадионот Олимпико во Рим се одигра хуманитарен натпревар на тема „Стоп за насилство врз жените“ меѓу Италија и остатокот од светот кој славеше со 5:3.
Од славните имиња се појавија Алдеир, Делвекио, Михајловиќ, Томази, Џаникеда и Цезар, а меѓу нив и Батистута кој играше за Рома од 2000-та до 2003-та со која освои Скудето и постигна 30 гола.
Батигол имаше сериозни проблеми со нозете откако замина во пензија, но тој успеа да се врати и токму во градот каде е миленик, даде два гола на 49 години.
Аргентинскиот напаѓач беше неуморен за фудбал и кариерата ја заврши во катарскиот клуб Ал Араби за кој на 45 години постигна 25 гола на 21 меч. Потоа се исповеда за проблемите.
„Откако престанав со активното играње, за кратко време станав неподвижен, а болките во нозете беа сè понеподнсоливи. Ми беше толку лошо што не можев да станам од кревет и мокрев во лежечка положба. Болката во зглобовите ме натера во еден момент да побарам од мојот доктор да ми ги ампутира двете нозе. Го видов атлетичарот Писториус и си велев дека ситуацијата ќе ми се подобри ако сум без нозете“.
Проблемот на Батистута се состоел во тоа што за време на терапијата имал недостиг на 'рскавичното ткиво, но потоа се повратил со постепено пешањече и играње голф.