Најголемите 10 неверства во фудбалот

Во Италија ги нарекуваат измамници бидејќи парите им се пред љубовта кон дресот. Најтазе е случајот со Донарума, но низ историјата на фудбалот ги има многу, а најмногу боли кога одат кај градскиот ривал. Тоа е, не се сите Тоти, Малдини, Ѕанети, Гигс, Сколс...

Кени Милер

Во некои работи во фудбалот не е дозволено мајтапење, а едно од тие е да ги изневериш најголемите ривали во историјата на шкотскиот фудбал. Тоа го направи шкотскиот напаѓач Кени Милер кој прво играше во Глазгов Ренџерс, потоа замина во Селтик, па направи кам бек во
Ренџерс.
 
Сол Кембел

Сличен кикс во Премиер лигата направи Сол Кембел кој израсна во Тотенхем, но во 200-ва дби да го продолжи договорот и одбра онаму каде најмалку требаше, во градскиот ривал Арсенал. Секое градско дерби беше исвиркуван.
 
Ешли Кол

Вакви изневерување највеќе се случуваат се случуваат во Лондон, град со најголем број на клубови во Премиер лигата. Ешли Кол е дете на Арсенал кој потоа 7 години играше во првиот тим, но во 2006-та одлучи да остане во истиот град и само да ги земени клупски бои. Го открија дека имал тајна средба со Мурињо кој го одведе во Челси.
 
Габриел Батистута

Беше идол на љубителите на Серија А каде ги носеше дресовите на Фиорентина, Рома и Интер, но пред да пристигне на Европскиот континент, ги облече дресовите на двата најголеми ривали во Аргентина. Прво во Ривер Плејт со кој одигра 19 средби и постигна 3 гола, а потоа замина во Бока Јуниорс и на 30 меча постигна 13 погодоци. Раководството на Ривер закаше што побрзо да се отараси од аргентинскиот напаѓач, а Пасарела го држеше на трибина.
 
Карлос Тевез

Уште еден аргентински напаѓач со сторен грев во Премиер лигата. По две години во Манчестер Јунајтед не го продолжи договорот и во 2009-та замина во Сити каде ја освои титулата по пауза од 44 години. Се работи за втор играч кој направи трансфер од едниот во другиот Манчестер. Првиот е Тери Кук во 1999-та.
 
Роналдо

Навивачите на Интер се уште го паметат 11 март 2007-ма, денот кога се одигра градското дерби на кое Роналдо како играч на Милан му даде гол на својот довчерашен клуб. Бразилецот беше идол на навивачите на Интер, но реши од Реал Мадрид да направи трнасфер токму во нивниот најголем ривал.
 
Луис Фиго

Во 2000-та Златната топка отиде во рацете на Луис Фиго и истата година направи трансфер кој нема шанси некој да го одобри во Каталонија. Останатото е историја, Фиго на Бернабеу остана 5 години и на секое гостување на Камп Ноу се соочуваше со еден куп свирежи.
 
Миралем Пјаниќ

Иако не се работи за ист град, сепак Рома нема да му го заборави потегот на Пјаниќ кој ги напушти по 5 години и се реши да замине во Јувентус, главниот ривал за Скудетото. Навивачите на Рома беа бесни.
 
Златан Ибрахимовиќ

Шведскиот напаѓач ги носеше дресовите на Јувентус, Интер и Милан, клубот за кој вели дека навивал уште од мал. Добро, тоа и не треба да биде чудно бидејќи агент му е Мино Рајола.
 
Гонзало Игуаин

Стигнавме до Игуаин кој постигна рекордни 36 голови во една сезона во Серија А со Наполи. Се работи за првиот Аргентинец кој со своите игри направи малку градот да подзаборави на Марадона. Но кој знае колку време ќе им треба на навивачите на Наполи да го заборават неговиот трансфер во Јувентус.