Милинко Пантиќ е веројатно единствен фудбалер од Србија и регионов кој може да се пофали дека и дал 4 гола на Барселона. Но и покрај тоа, си замина дома со пораз.
Спомените од Интер и Реал се посвежи и доста попознати. Одиме со едно постаро задолжително четиво од 94-та кога деби сезоната во ПСВ ја заврши со 35 гола на 36 меча. Како прво, лудата компилација е од еден меч кој „Феноменот“ го завршува со 4 гола и 2 асистенции. И како второ, само со фаул можеа да го сопрат. Му се лепи топката како на фластер.
Бравурозна QAnon-овска приказна за подмолната завера против еден од најдобрите играчи на сите времиња. Душманите на Роналдо го изведуваат својот пеколен план со помош на инсајдер од неговата спална соба. Учете како може да се направи педантна теорија на заговор од секоја можна ебана тема.
Легендарниот Роналдо кој се наоѓа во Катар, му правеше интервју на сонародникот Родриго. Секој сака да ги има нозете на незаменливата 9-ка кој играше три мундијалски финалиња по ред и се радуваше на трофејот во 1994-та и 2002-ра.
Да видиме како на 45 години дрибла двократниот светски првак со Бразил и два пати освојувач на Златната топка. Ги има и техниката и потезите по кои беше препознатлив, без разлика што не може да си ја среди линијата. Каква легенда.
Легендите на бразилскиот и светски фудбал се меѓу педесетината некогашни тренерски и играчки асови во Доха (Катар), каде ФИФА ќе дискутира неколку прашање меѓу кои и она да се игра Мундијал на секои 2 години. Ама пред дискусијата секој морал да помине ПСР тест, а Рони не го поднесе баш лесно.
Друг Реал, други времиња. Помалку трофеен во ЛШ од овој, ама спектакуларен за гледање. Не умираат снимкиве и без разлика за кого навивате, не може да не уживате во играта на овие незаборавни ликови. Зидан - Раул - Роналдо. Едноставно, ама елегантно.
Не го открива берберот кој бил принуден да го унакази, ниту пак кажува дали можеби сам го извршил тоа сквернавење на косата, ама барем ја кажува вистината дека тоа било ужасно.
Некои акции, продори и голови се типични само за него. Тоа го правеше со голема умешност, дрскост и брзина. Во април 98-ма теренот на Спартак беше нива неодмрзната која Феноменот ја изора на роналдовски начин.
Човекот по природа е навикнат да им се диви на победниците, но понекогаш историјата на вечните губитници знае да биде интересна и не заслужува помало внимание.
Дискретниот јунак, шпиц од најдобрите денови на ПСВ Ајндховен и Андерлехт, легенда на холандско-белгискиот фудбал од кој што најмногу научиле Роналдо и Руд Ван Нистелрој. „Сè што направив во кариерата му должам нему“.
Иван Елгера беше член на славната генерација фудбалери на Реал Мадрид, позната како „Галактикос“. Во јавување во живо на Инстаграм раскажа една анегдота од тоа време.
Руни, Кристијано Роналдо, Марадона, Роналдињо, Анри, Бекам, Роналдо, Ван Перси, Тоти, Ривалдо. Од сите овие легенди ќе повтори по еден легендарен гол. Оценката по физичко веќе може да му ја заклучат. Седи 5-ка.
Девет години како фудбалскиот свет е посиромашен без неговите игри (се пензионираше во Коринтијас 2011-та), а 11 како ја напушти Европа (последно играше за Милан 2007/2008). За ваков феномен со топка 13 клупски трофеи се премалку во кариерата, особено оние еден со Интер и три со Реал каде играше по пет сезони.
Во продолжение на најдосадното финале од Супербоул меѓу Њу Ингланд Патриотс и Лос Анџелес Ремс кое комплетно ги разочара гледачите, сеир на овој спорт му пукна и Роналдо.
Зад епската и насекаде омилена генерација на легендарниот Бразил кој имаше играчишта на секоја можна позиција, се кријат многу приказни. Ова е една од нив, а ја раскажува Роберто Карлос.
Во второто коло од ЛШ во групата Б, во среда од 21:00 часот ќе се сретнат ПСВ и Интер, две поранешни екипи на еден од најдобрите фудбалери во историјата, кои сакаат да знаат за кого ќе навива „Ил Феномено“.