Муабет на две легенди за создавањето на една епска фотка

Италија и Бразил во 1997-ма одиграа пријателска која заврши 3:3. Натпревар од кој произлезе една многу јака фотографија.

На фотографијата се наоѓаат три фудбалски легенди кои не смеете да не ги знаете, без разлика кое годиште сте родени. Инаку ќе јадете чврги.

Години подоцна, на видео комуникација ја коментираат двајца од тројцата актери.

„Се сеќавам кога игравме против вас во 1997-ма. Селекторот Чезаре Малдини пред мечот ни рече: `Ај да видиме дали овој е феномен“?

И потоа се случи оваа фотографија на која се гледа како те чуваме двајца. Паоло Малдини одеше на топка, а јас ти одев на нога. Тогаш сфативме дека навистина си феномен“, му вели Канаваро на феноменот.

„Оваа слика со вас двајца е најубавата во мојата кариера“, му одговори великанот Роналдо.

Инаку Роналдо е еден од стрелците на тој меч, заедно со Ромарио и Роберто Карлос, додека кај Италијанците два гола се на Дел Пјеро и еден на Албертини.

Погледнете ги составиве. Да се наежи човек.

24 мај 2024 - 09:35