Таг: фабио канаваро

Канаваро до Тоти: Син ти стварно за Лацио навива?

Син му на Тоти прашувал по дома, како тоа Фабио Канаваро освоил Златна топка, а ти немаш освоено? Тоти му објаснувал дека се различен тип на играчи и дека без Фабио немале да го освојат Мундијалот 2006.

Кога Торес го извади Канаваро од копачки со еден трик

Ел Нињо се прослави на „Енфилд Роуд“ каде стана еден од најомилените напаѓачи. Еднаш против Реал во Лига на шампиони така шизички го мрдна Фабио Канаваро, што Италијанецов среќа остана на нозе, а Касиљас спаси гол.

Славните италијански фудбалери кои служеле војска

Општо познато е Италија ја совлада Франција во финалето на СП 2006, а Зидан имаше неславно заминување од Мундијалот откако му удри глава на Матераци. Но дали знаете дека Виали го има освоено Военото Светско првенство, а Дел Пјеро и Канаваро имале неславен меч со црвени картони?

Конте, Симеоне и Клоп имаат помала плата од Пикси

Ако се прашувавте што прави и каде е поранешниот соиграч на Панчев и Најдоски од Црвена Звезда, ич да не го мислите. Ужива во фудбалскиот кинески рај како осми најплатен тренер во светот.

Легендарниот столб на италијанската одбрана полни 44 години

Роден е во Неапол на 13 септември 1973-та, а се повлече од играње фудбал на 9 јули 2011-та. Ги носеше дресовите на Наполи, Парма, Интер, Јувентус, Реал Мадрид и Ал Ахли, а сега се бави со тренерска кариера во Тијанжин, Кина. Врвот во неговата кариера го достигна во 2006-та година кога како капитен на Италија одигра врвен Мундијал кој на крај го освои. Истата година стана петтиот Италијанец кој ја освоил Златната топка, а го прогласија и за најдобар фудбалер во светот.

Од собирач на топки до освојувач на Златна топка, втор дел

Фабио Канаваро раскажа што значи да тренираш покрај Марадона, потоа да се справиш со него, да учиш од Ферара и да го чуваш Роналдо. Во вториот дел ќе читате за искуствата со Зидан, Пирло и Тоти, играњето во Реал, но и разликата од играч до тренер.

Од собирач на топки до освојувач на Златна топка

Фабио Канаваро е третиот дефанзивец после Бекенбауер и Замер кој ја освоил Златната топка. За да стигне до таму прво почнал да трча по топките на Марадона, потоа да му се спротивстави на тренинг, а стравот го победил во дуел со најдобриот од неговата генерација, феноменот Роналдо. Приказната за него ќе оди во два дела.

На италијанските тренери во странство не им оди годинава

По отказите на Гвидолин и Ди Матио листата на отпуштени италијански стратези надвор од својата земја порасна на четири. Тренери со педигре беа отпуштани и претходните години.

Канаваро 2006 vs Пике 2015

Финалето од ЛШ во Берлин за Италијанците беше потсетување на Мундијалот кој го освоија пред 9 години на истиот стадион. Фанатик за фудбал најде сличности меѓу голот на Дел Пјеро и акцијата на Италија која почна со интервенцијата на Канаваро со третиот гол на Барса.