Од собирач на топки до освојувач на Златна топка, втор дел

Фабио Канаваро раскажа што значи да тренираш покрај Марадона, потоа да се справиш со него, да учиш од Ферара и да го чуваш Роналдо. Во вториот дел ќе читате за искуствата со Зидан, Пирло и Тоти, играњето во Реал, но и разликата од играч до тренер.

ЗИДАН

Ако Роналдо имаше цврстина на теренот, тогаш тоа што го имаше Зидан беше елеганција. Тој беше господин на терен. Начинот на кој се движеше беше како да лебди во воздух и имаше посебна леснотија во играта.

Беше прекрасно да се гледа како игра и тоа ми носи среќа што имав можност да играм против него. Од првиот меч па се до последниот, Зидан наоѓаше различни начини како да ме надмудри.

Исто како против Роналдо, можеш само да бидеш подготвен за Зидан. Како што реков, јас мојата работа си ја сфаќав многу сериозно. Тренирав толку напорно што кога ќе се сретнев против Зидан, си давав многу шанси колку што е можно да го сопрам.

На Мундијалот во 2006-та во финале игравме против Франција, а Зидан го постигна првиот гол на мечот. Бевме исплашени, а јас како капитен знаев дека мораме да се концентрираме максимално. Дури и кога не е во опасност да ни го загрози голот, едноставно се чувствува неговото присуство на терен.

Тоа е, се додека не ги загуби нервите. Дури и Зидан имаше такви моменти.

На тоа место научив уште една лекција. Лидерство на терен. Знаев дека мојата работа не беше само да им ја земат топката на противниците, туку и да го држам тимот фокусиран, дури и кога не му оди на најважниот натпревар во нашите животи.

Можеме, ова е наш меч им реков и за среќа по 10 минути Марко Матераци постигна гол со глава. Потоа бевме порелаксирани, ама само до пеналите. Срцето ми застануваше кога секој играч се местење да шутира. Кога Фабио Гросо ја запечати победата, не можев да слушнам ништо и не можев да верувам.

Светски шампиони.

На крајот од мечот добив нешто повеќе од трофеј од тој натпревар. За прв пат знаев што правев таму. Тоа е поради организацијата на италијанската одбрана. Без разлика дали ќе играш како поединец или како тим, зависи кој игра рамо до рамо со вас на теренот. Во текот на тоа првенство, ние навистина бевме колектив и бевме најдобри.

Но не само во одбраната.

АНДРЕА ПИРЛО И ФРАНЧЕСКО ТОТИ

Како што реков, многу луѓе мислат само на одбрана кога е во прашање италијанскиот фудбал, а тоа според мене е погрешно. Ги имаме едни од најдобрите играчи во напад и во среден ред.

Сепак многу луѓе мислат дека Мундијалот 2006-та го освоивме поради одбраната. Победивме затоа што ги победивме сите останати. Ние знаеме да си ја завршиме работата во одбрана, ама ако не даваме голови не можеме да победиме.

Се разбира дека преферирам да играме против ист тим, ама да играм против моите соиграчи од репрезентација во клупски фудбал, Пирло и Тоти беше многу “среќен“ предизвик.

Кога играв против Тоти, кога беше напаѓач имавме повеќе можност да зборуваме на терен. Ако голманот се местеше за изведување, а ние чекаме и стоевме, често се шегувавме. Тоа беше нормално за нас. Тој е прилично смешен човек. Но Пирло? Тој има поразличен стил. Кога топката беше кај него, немаш идеја што ќе направи. Кога ќе почне да работи во среден ред, секогаш сум се трудел да ги предвидам неговите потези.

Единствените твои пријатели на терен се другите 10 момци кои носат ист дрес со тебе. Другите пријателства ги оставаш ги оставаш за надвор од терен. Сите вечери кои ги имаш со нив немаат врска во тој момент. Трофеите кои сме ги освоиле заедно, уште ќе бидат таму.

На терен сум на работа и мојата работа е да ги спречам моите добри пријатели да не постигнат гол.

ИГРАЊЕТО ВО ЛА ЛИГА

Шпанија со еден збор беше тешко. Кога во 2006-та заминав во Реал Мадрид, тоа беше прв пат да заиграм надвор од Италија. Селењето во друг град беше тешко, комуницирањето со моите соиграчи беше тешко. Тоа беше можеби еден од најтешките предизвици во мојата кариера.

Подготовките на натпревар во Италија се малку поинакви од оние во Шпанија. Многу е строго, се тренира нон стоп, а тренерите се неуморни. За среќа, мојот тренер Фабио Капело донесе малку италијански фудбал во Мадрид. Никој не беше построг од него.

Ако тренингот беше закажан за во 10 часот, почнуваше во 10, ниту минута подоцна.

Ми помогна да се прилагодам во Шпанија, но исто така морав да научам како да се игра како поединец. Бев во голем клуб поради тоа што го умеам во фудбалот и се очекуваме од мене да правам големи работи. Исто така морав да го научам стилот на игра на моите нови соиграчи и на задната линија.

Се сеќавам на еден од моите први тренинзи кога му подадов на Серхио Рамос.

Зошто направи грешка? Ме праша Серхио.

Не направив грешка, туку ти ја подадов топката.

Не, треба да ми подадеш силно и точно на нога.

Имав многу за учење, но кога дојдов во Мадрид немав повеќе 21 година. Само што го освоив Мундијалот и имав самодоверба. Не знам дали ќе можев да го направам тој потег како млад. Но по она што Италија го оствари во 2006-та, си ја знаев мојата игра. Во Реал Мадрид ја освоивме Ла Лига две години по ред.

И откако ќе го носиш дресот на Реал Мадрид еднаш, тогаш си дел од клубот засекогаш.

ТРЕНИРАЊЕТО ВО КИНА

Одиграв многу натпревари каде што мислам дека оставив сè на теренот. Но она што го сфатив откако се пензионирав е дека 90 минути на терен не се споредуваат со 90 како тренер.

Работев за да ја дознаам новата страна на фудбалот. Како тренер на Тијанџин во кинеската Супер Лига, секој ден, секоја недела, морам да им дадам на нашите играчи сè што имам. Треба да знам какви евентуални фамилијарни проблеми има некој играч, кој е срамежлив или кој не е многу гласен и на кого некако можам да му помогнам.

Се обидувам тоа да го правам со 25 различни играчи преку кинески преведувач.

Значи ако не можам да комуницирам со зборови, им се придружувам на играчите на тренинг за да им покажам што знам или да ги натерам да направат нешто. Треба да играм со нив за да ги научам некои работи.

Како тренер си осамен. Точно е дека се наоѓаш на терен, но не си со нив. Сепак морам со моите играчи да ги споделам моите искуства и моето знаење. Некои работи од тоа знаење доаѓаат од најдобрите тренери во светот – Липи, Трапатони, Малдини, Капело. Сите тие ми дадоа по нешто, а јас преку години како играч тие работи си ги чувам во тефтер.

Секоја грешка или успех, си ги запишувам и оваа година во Кина си го чувам тој тефтер со мене. Се обидувам да не ги направам истите грешки.

Кога дојдов минатото лето во Тијанџин, не бев сигурен што да очекувам. Беа во втора лига, со седум порази во низа и осми на табела во 16 екипи. И се фрливме на работа. До крајот на сезоната бевме први на табела и оваа сезона бевме промовирани како прволигаши.

Во моментот кога обезбедивме промоција во прва лига, не го слушнав гласот на Мартелини. Промоцијата не е трофеј или победнички гол. Но да му донесеш успех на тимот и играчите до промоција во прва лига, тоа навистина го прави човек среќен до крајот на животот.

Како млад бев во потрага на мојата самодоверба и не ја почувствував се до освојувањето на Светското првенство и потоа следната година Златната топка.

И сега сум во потрага на мојата самодоверба повторно. Не како лидер во задната линија, туку како тренер.

Фабио Канаваро

Првиот дел

7 март 2017 - 13:25