„Кога луѓето во денешно време мислат на италијански фудбал, мислат на одбрана. Можеби децата сонуваат на станат Џорџо Кјелини или Леонардо Бонучи.
Но дозволете ми да ви кажам нешто...
Јас не започнав за да бидам дефанзивец.
Кој сакал да игра во последната линија откако го гледал Паоло Роси како постигнува 6 голови на Мундијалот во 1982? Сè уште се сеќавам на Марко Тардели кој постигна фантастичен гол од врвот на шеснаесетникот. Се сеќавам на неговата прослава, на изгледот на лицето откако даде гол, на начинот на кој трчаше со две тупаници во воздух како вреска.
Како и многу други деца во Италија, седев пред тв, имав само 9 години и кога се слушнав последниот свиреж и кога Италија стана Светски првак, Нандо Мартелини извика за време на преносот:
„Светски шампиони! Светски шампиони! Светски шампиони!“
Мислам дека немаше дете во Италија кое после тоа не ја шутираше топката во ѕид.
Кога дојдов во Наполи, прво бев собирач на топки, што значи дека имав можност да гледам како тренираат легенди. Потоа откако му се приклучив на младинскиот тим играв во среден ред како Тардели.
Така беше се додека еден од директорите на младинската академија дојде и ми рече дека треба да ја променам позицијата и да играм во одбрана. И така беше, без објаснување. Бев понизок од повеќето момци на теренот и не изгледав како дефанзивец, особено не централен, но од тој момент тоа беше мојата позиција. За среќа, сакав да играм во одбрана и исто така бев добар.
Гледајќи назад, ја должам кариерата на две работи:
Прво, учев гледајќи ги најдобрите. Кога дојдов во Наполи играв покрај Чиро Ферара, кој има над 500 настапи за Наполи и Јувентус и е еден од најдобрите дефанзивци во историјата на италијанскиот фудбал. Ферара, како и многу Италијанци не дроби многу со зборење. Ќе ти каже дека треба да бидеш, што да направиш и дали имаш и немаш шанси против противникот.
Го запознав Ферара во 1987-ма додека бев собирач на топки во Наполи, кога тимот го освои првото Скудето, а јас стоев на терен со нив. Тоа беше магична сезона. Научив многу од сите играчи, но од еден посебно. Генијот Диего Армандо Марадона.
Секој ден ја гледав легендата. И кога бев повикан да тренирам со првиот тим, си реков `Конечно ќе тренирам со Марадона`.
Ферара само ме погледна со насмевка.
`Не, не, нема да одиш и да тренираш со Марадона. Нема да одиш и да се справуваш со него. Топката никогаш не се одлепува од неговите нозе`.
И тогаш ми додаде топка.
`Еве земи ја, бидејќи никогаш нема да му ја земеш топката на Марадона`, ми рече Ферара.
На крајот, конечно добив можност да тренирам со Ферара и останатиот дел од првиот тим, вклучително и мојот идол Марадона. Еден ден Марадона почна да доаѓа накај мене, топката му се лепеше за него, а јас без размислување му се пуштив и му ја земав.
Се справив со Марадона. Генијот. Легендата.
Одеднаш почувствував дека очите на моите соиграчи и тренери се вперени кон мене. Потоа го слушнав гласот на Ферара.
Единствената личност која се смееше беше Марадона. На крајот од тренингот дојде до мене и ми ги даде неговите копачки. Имав постери од Марадона на ѕидовите во мојата соба, нашето неаполско божество. Сега, во моите раце се најдоа неговите копачки, калливи од работниот ден.
Тоа беше второ нешто што научив. За да станеш одличен дефанзивец, треба да играш против најголемите во свет. И уште една состојка која ти е потребна. Не е висина, брзина па дури и вештина, туку мораш да имаш самодоверба.
Не сум сигурен каде го добив тоа чувство на самодоверба, но тоа секако беше на денот кога решив да го соборам Марадона. Потоа продолжив да се градам во остатокот од мојата кариера во Парма, Интер и Јувентус.
Искрено вистински не почувствувам самодоверба се до 9 јули 2006-та кога го подигнав пехарот на Светското првенство, а новинарите викнаа за нас:
„Светски шампиони! Светски шампиони! Светски шампиони!“
Како дефанзивец можеш да имаш многу форми и големини. Можеш да бидеш низок и брз или висок со висок скок, не е важно. Единствената неопходност е да бидеш самоуверен на терен, бидејќи секоја недела е нов предизвик.
РОНАЛДО
Повеќе од било кој со кој се соочив пред него и после него беше Роналдо, играч кој секогаш, секогаш предизвикувал страв во мене. Тој е играч на нашата генерација. Тој е феномен.
Првиот пат кога играв против Роналдо беше на мечот Бразил – Италија во Франција пред Светското 1998-ма. Дури и самото одење на ист терен со него како да ме преплаши.
Роналдо беше играч кој е непотребно да го чуваш, туку да се надеваш дека нема да му тргне. Бидејќи ако Роналдо сака да даде гол, ќе даде.
Се разбира Бразил ги имаше Ромарио, Роберто Карлос, Роналдињо. Но Роналдо? Тој беше поразличен. Беше брз, силен и неверојатен. И секој пат кога играв со него имало смисла. Играч како него не треба да зборува и нема поента да се обидеш да му влезеш во глава. Тој е веќе во твојата пред првиот свиреж на судијата.
Не мислам дека стравот што го имав за него исчезна. Но надвор од тој страв имаше почит. А за да почитуваш играч како Роналдо треба да тренираш секој ден колку што можеш повеќе. Кога се појавив на терен, знаев дека мора да дадам се од себе. Дали се плашев? Се разбира. Но ја почитуваш играта и играчот, ако не му дозволиш да го покаже на теренот тоа што го знае.
Преку Роналдо, научив како да се справам со стравот на терен.
Продолжува...