Во Париз досега Маха Хвалинска победи на 8 натпревари, немаше изгубен сет во квалификациите, ја исфрли некогашната Топ-10 тенисерка Чен, ја совлада некогашната трета тенисерка на светот Марија Сакари и домашната миленичка Диан Пери.
Марија е родена на 11-ти октомври 2001-ва година во Домброве-Гурниче, градче на југот од Полска. Со тенис почнала да се занимава од седум години благодарение на државниот програм Tenisowa Talentiada во која учениците тренирале разни спортови.

„Влегов во тенисот не како повеќе од играчите, моите родители во првите две години не плаќаа ниту за тренинзи. За тоа време тоа беше нестандардно. Така што никогаш не сум почуствувала никаков притисок од нивна страна дека морам да ја вратам инвестицијата. Јас бев таа која ги молеше родителите да ме однесат на следниот тренинг зошто многу сакав да играм. Тоа беше судбина“, вели Маја Хвалинска,
Семејството Хвалински никако не било поврзано со професионален спорт. Пред да се пензионира, таткото на Маја, Томаш работел како електричар во рудник, а мајка и Марцела уште работи во спортскиот центар во градот Домброве-Гурниче каде Маја тренирала во детството.

Родителите не можеле самостојно да го финансираат скапиот тениски пат и кариерата на ќерка им. Голема улога во тоа одиграл клубот BKT Advantage Bielsko-Biala, Полската тениска федерација, спонзорите и други компании. Хвалинска еднаш рекла дека без нивна помош не би била ова што е сега.
И покрај талентот патот на Маја бил многу потежок отколку што очекувала. Уште на рана возраст ја сметале за една од најнадежните тенисерки во Полска и ја споредувале со Ига Швјонтек.
Маја и Ига се знаеле уште од 10 години, а заедно настапувале за репрезентацијата на Полска на младинските Европски и Светски првенства. Имале многу заеднички патешествија. Во 2017-та Хвалинска и Швјонтек стигнале до јуниорското финале на Отвореното првенство на Австралија во парови.

Потоа патиштата им се раздвоиле. Швјонтек брзо стана најдобра светска тенисерка, број 1 во женскиот тенис и голема шампионка на Грен Слемовите, а Хвалинска имала разни искушенија.
На 19 години по еден пораз во првиот меч од квалификациите за Вимблдон, Маја објавила дека прави пауза од тенисот и признала дека веќе две години се бори со депресија. Но точно една година подоцна се вратила на белиот спорт.
„Во првиот дел од кариерата имаше повеќе повреди отколку што воопшто замислувавме. Имаше разни епизоди. Имаше депресија. После повреда за повреда. За среќа сето тоа остана позади“, рекол татко и на Маја кој е нејзин најголем навивач.
Родителите на Маја Хвалинска дошле во Париз на неколку дена пред почетокот на овогодинешниот Грен Слем а сега не знаат кога ќе се вратат дома. Целата нација зборува за нивната ќерка.
„Ќе останеме тука колку што ќе игра Маја и колку што ќе ми даде началникот одмор“, рекла Марцела Хвалинска која се нервира и „гризе нокти“ за време на дуелите на ќерка и па често и излегува од трибините.
Тренер на Маја е чешкиот тренер Харослав Маховски. Најважен човек во нејзиниот стручен штаб е физиотерапевтот Мацеј Ришук кој многу години работел со Ига Швјонтек. Многумина сметаат дека блесокот на Маја е негова најголема заслуга.
Хвалинска е совршено нетипична за современиот женски стил на игра. Таа е левак, висока само 164 сантиметри што по современите критуериуми во модерниот тенис е многу малку. Недостатокот на висина таа го компензира со необични одлуки: способност да менува темпо, нагли движења, висина и правец на топчето итн.
„Никој не игра така скратено и со такви потези. Никој не умее да ги збуни противниците како неа“, вели нејзината пријателска и најдобра полска тенисерка во историјата Ига Швјонтек.
После победата над домашната миленичка Диан Пари, новинарите ја прашале Маја дали се смета себе за „лева тенисерка“, таа рекла: „Знам дека играм поинаку. Можно е. Јас инаку не гледам многу тенис. Се трудам што е можно повеќе да мислам на теренот. Можно е да сум тениски чудак. И немам никакви проблеми со тоа“.
Во слободно време таа се занимава со едноставни нешта: тренира, се одмора, има добар сон и гледа серии. Обожавала да собира Лего коцки.
После големата историска победа над Марија Сакари Хвалинска се шегувала за својата финансиска состојба во Париз: „Се надевам дека некој хотел ќе се ослободи. Сега имам доволно пари, заработив добро тука, иако парите не ги префрлаат така брзо. Молете се за мене“, се насмеала.