Легендарниот столб на италијанската одбрана полни 44 години
Роден е во Неапол на 13 септември 1973-та, а се повлече од играње фудбал на 9 јули 2011-та. Ги носеше дресовите на Наполи, Парма, Интер, Јувентус, Реал Мадрид и Ал Ахли, а сега се бави со тренерска кариера во Тијанжин, Кина. Врвот во неговата кариера го достигна во 2006-та година кога како капитен на Италија одигра врвен Мундијал кој на крај го освои. Истата година стана петтиот Италијанец кој ја освоил Златната топка, а го прогласија и за најдобар фудбалер во светот.