Македонски бисери во прв тим на Црвена звезда, едниот дебитираше

Во пресрет на баражот за пласман во елитната Лига на шампиони против кипарскиот шампион Пафос, тренерот на српскиот првак Црвена звезда Владан Милојевиќ реши да го смени речиси целиот тим за првенствениот дуел против Младост Лучани. Белграѓани победија а дебитираше млад македонски фудбалер.

Матеј Гаштаров е името кое се врти низ регионалните медиуми откако синоќа на само 18 години дебитираше за Црвена звезда која е на прагот на уште една групна фаза од Лига на шампиони или најмалку Лига Европа, деветта европска група во последните десетина години.

Гаштаров игра како организатор на игра, а одлично се сноаѓа зад напаѓачите и како крилен напаѓач. Гаштаров игра за Македонија У-19, а беше дел од првиот тим на Звезда и на дуелот против ОФК Београд во рамки на 1/8 финале на Купот на Србија минатата сезона кога црвено-белите славеа 5:3.

Тој синоќа доби шанса во финишот на мечот кога влезе од клупата за резерви.

„Чувството по дебито е неверојатно! За ова сонував уште како дете и сега го доживеав тоа. Им благодарам на сите, посебно на стручниот штаб и се надевам сека наскоро пак ќе добијам нова шанса да се докажам“, рекол младиот Матеј Гаштаров.

Тој потекнува од фудбалската школа на Вардар а во Црвена звезда потпиша во 2024-та година. Важи за еден од најголемите таленти во регионот.

Покрај него, на клупата за резерви синоќа беше и младиот 17-годишен Горазд Ристовски, дефанзивец кој може да покрива лев бек и стоперска позиција. Се очекува наскоро и Ристовски да добие шанса кај тренерот Милојевиќ.

16 август 2025 - 17:37