Норвешка ТВ станица планира да ја проследи реалноста на плетењето па за таа цел ќе одвои цели 5 часа од својот прајм-тајм за жив пренос од оваа смирувачка и благородна вештина.
Емисијата се вика "Од овца до џемпер" и во неа гледачите цели 5 часа ќе гледаат како највештите женски раце од земјата се обидуваат да го срушат досегашниот рекорд од 4 часа и 51 минута.
"Се работи за обичен тв програм, само малку побавен, иако жените ќе брзаат," најавуваат продуцентите од телевизиската мрежа НРК.
Пред да започне 5 часовниот маратон, на гледачите ќе им биде пуштен 4 часовен (sic!) документарец за тоа како волната од овцата станува џемпер.
Вкупно 9 часа клот-фркет програма. Раат.