Побогу, Боки, врати се по старо

Искрено, нам ни е интересно како Боки 13 си игра со себе. Се ребрендира и ретушира, се бара, се пронаоѓа и пак се напушта (не ни се интересни оние кои тоа озбилно го сфаќаат). Све тоа супер. Ама за ова, пошто му е најважна одлука во живот, треба малку да се разбереме. Не така, Боки.

Убаво е да сакаш да станеш родител. Не е убаво кога мислиш дека таа одлука треба да биде проследена со нарачка.

Нејасно е како тој мисли дека малите кои ќе ги посвои имаат однос кон религијата, па да му дадат деца од различни верски модели. Може мисли дека на маливе им даваат чварка, па ако ја изеде е христијанче, ако не, тогаш мора да е муслиманче.

И капак, според идниот родител, она трето дете кое сака да го посвои (со тендерски услов да биде дете со пречки во развој), нема религија, пошто ваљда е напуштено од Бога.

****

Во најновата верзија, верата ја заменил со националност, ама па сега четири деца му испаѓаат за посвојување! За мака е роден човекот.

Не така, Боки. Едноставно, не така.

******

Бонус наравоучение за сите наши драги луѓе кои се злопатат со диети:

- Нели ви е јасно дека гладен човек не е со сите?

*****

Досега најдобрата реакција од нашиот Фејсбук, од наша Сандра:

 

8 јули 2017 - 22:52