Конте, Симеоне и Клоп имаат помала плата од Пикси

Ако се прашувавте што прави и каде е поранешниот соиграч на Панчев и Најдоски од Црвена Звезда, ич да не го мислите. Ужива во фудбалскиот кинески рај како осми најплатен тренер во светот.

Драган Стојковиќ Пикси е познат како славен играч на Црвена Звезда и Југославија, но не и како тренер, а тоа не значи дека е како Гатузо со 10 бона месечно. Кога се зборува за тренери, неговото име воопшто не се споменува бидејќи тој не е етаблиран стратег во европскиот фудбалски крем.
 
Прво почна да работи во Јапонија во клубот Нагоја Грампус ако ви значи нешто, а од 2015-та е на кормилото на Гванжу Фули. Токму во овие неатрактивни фудбалски дестинации лежи каменот.
 
Пикси во Кина заработува по 8 милиони евра годишно и е осми најплатен фудбалер во светот. Замислете еден Клоп (7,9 милиони), Конте (7,3) и Симеоне (5,75) земаат помалку од него.

Со него во привилегиите на кинескиот фудбал уживаат и Капело, Пелегрини и Канаваро, а изненадувачки најмладиот и најнеискусниот меѓу нив е најплатен во Кина.
 
Најплатен тренер во светот во моментов е Марчело Липи кој како селектор на Кина заработува 20 милиони евра. Втор е Гвардиола со 17,3 милиони, трет Мурињо (16,9), а Канаваро како почетник тренер е четврти.
1 март 2018 - 14:25