„Кога си одев од тренинг, слушнав како некој вика по мене на италијански со француски акцент „Фабио, Фабио“. Почна да трча и јас застанав со колата. Ми рече дека е од Франс фудбал и дека треба да разговараме за нешто важно и ми даде визит картичка. Му реков дека си одам дома, а тој ме праша дури дали може да дојде со мене. Потоа додаде дека треба да разговараме нешто за Златната топка и тогаш се посомневав и мислев дека се шегува. Му дозволив да влезе во кола, а тој ми рече дека иако има уште малку време, според резултатите ти веќе ја освои Златната топка. Помислив дека ме зеза и потоа и се јавив на сопругата“.