За извесна сума пари, Рајнер Ридлер нуди фото докази дека сте поминале незаборавно во вашето место од соништата поради што вашите колеги, Фејсбук френдови и друг завидлив олош можат да ви се фатат за шведска маса.
Во едно одморалиште во Германија тој има поставено дузина реалистични кулиси од разни атрактивни дестинации од целава планета на кои неговите клиенти се сликаат дека си поминуваат најбоље у свет. На понуда се панели од егзотични локации во Кина, Дубаи, Флорида...
Ридлер вели дека идејата ја добил од вештачките градски плажи, кога првпат се зачудил колку малку им треба на луѓето со помош на песок, коктели и музика да добијат чувство дека се на вистински одмор.
Додава дека добра страна на неговите аранжмани се што нема комарци, проблеми со локалци и изгубени багажи а лоша што таквите одмори не создаваат многу приказни. Но, на луѓе кои се спремни да платат за ова, веројатно не им недостасува мотивација приказните да ги измислат.