12 март 1997 на Камп Ноу го носи еден од најголемите пресврти во Шпанија и општо во фудбалот.
Во прашање се Барселона и Атлетико Мадрид кои се сретнаа во четвртфиналеот од Копа дел Реј. Откако го елиминирале Реал Мадрид, Каталонците важеле за фаворити за трофејот, но ждрепката им донела нов тврд орев, а тоа е тогашниот шампион и освојувач на Купот, Атлетико Мадрид.
На Висенте Калдерон мечот завршил 2:2, што значело дека Барселона на реваншот влегла со одличен резултат. Сепак, по половина час игра каталонскиот тим практично бил елиминиран, бидејќи Пантиќ ги торпедирал со хет-трик.
Боби Робсон не го ни дочекал полувремето за да ги направи првите две измени. Ги извадил Попеску и Лорен Блан, за да го засили нападот со Стоичков и Пици.
Имајќи потреба од четири гола за пласман во четвртфинале, Барселона веќе во 50 минута, во рок од 3 минути одговорила со два комада на Роналдо.
Но во 51-ва минута било 2:4, стрелец повторно Милинко Пантиќ, комплетирајќи историски гостински натпревар со 4 комада среде Камп Ноу.
Но, Барселона во тоа време покрај Роналдо феноменот, го имаше и Фиго. И Гвардиола. И Стоичков. И Луис Енрике. И Де Ла Пења.
15 минути по голот на Пантиќ, евроголот на вечерта го постигнал Луис Фиго кој повторно ја намалил разликата. Пет минут после него хет-трик на Роналдо за 4:4, со кои сепак Барса би била елиминирана.
82 минута нов гол на мечот, а стрелец џокерот Хуан Антонио Пици за конечни 5:4 и огромна еуфорија на трибините.
Така се комплетирал еден од најспектакуларните кам бекови по кој Барса ќе го освои Купот, како и Купот на победниците на Куповите.
Една од највозбудливите класици во шпанскиот фудбал ќе остане запишана во историјата со девет постигнати голови. Неславно за Пантиќ, единствениот играч кој постигнал четири гола на гостински терен против Барселона.