30 години од легендарното соло на Роналдо, Боби Робсон се чудеше

Октомври 96-та. Во соло продор е 20 годишниот Роналдо Луис Назарио де Лима. Четири фаули по ред му направи еден ист играч. Не трза младичот и нема ниту намера да падне. Потоа чудесно се протна меѓу двајца со се топка. Сер Боби Робсон се држеше за глава.

Инаку Роналдо во Барселона остана само една сезона и постигна 47 гола на 49 натпревари. Во Ла Лига даде 34 гола, учинок кој не беше надминат од ниту еден играч на Барса сè до Меси во сезоната 2009/2010. Потоа Интер го купи за 28 милиони долари, светски рекорд во тоа време. „Ил Феномено“ според многумина е нанадминлива 9-ка во светот на фудбалот.

13 октомври 2026 - 13:24