Клип од неповторливата бразилска 9-ка за сите фудбалери манекени и глумци. Му одат двајца, од кои едниот три пати му влегува во нозе и го тегне за дрес. Чист фаул. Го издржува дуелот, ги надтрчува и потоа влегува во сендвич, шеба двајца и го решава голманот. Ете затоа го заслужи прекарот „Ил феномено“. Инаку ова му е еден од вкупно 47 гола за Барса на 49 настапи.