Да видиме како на 45 години дрибла двократниот светски првак со Бразил и два пати освојувач на Златната топка. Ги има и техниката и потезите по кои беше препознатлив, без разлика што не може да си ја среди линијата. Каква легенда.
Легендите на бразилскиот и светски фудбал се меѓу педесетината некогашни тренерски и играчки асови во Доха (Катар), каде ФИФА ќе дискутира неколку прашање меѓу кои и она да се игра Мундијал на секои 2 години. Ама пред дискусијата секој морал да помине ПСР тест, а Рони не го поднесе баш лесно.
Друг Реал, други времиња. Помалку трофеен во ЛШ од овој, ама спектакуларен за гледање. Не умираат снимкиве и без разлика за кого навивате, не може да не уживате во играта на овие незаборавни ликови. Зидан - Раул - Роналдо. Едноставно, ама елегантно.
Не го открива берберот кој бил принуден да го унакази, ниту пак кажува дали можеби сам го извршил тоа сквернавење на косата, ама барем ја кажува вистината дека тоа било ужасно.
Некои акции, продори и голови се типични само за него. Тоа го правеше со голема умешност, дрскост и брзина. Во април 98-ма теренот на Спартак беше нива неодмрзната која Феноменот ја изора на роналдовски начин.
Човекот по природа е навикнат да им се диви на победниците, но понекогаш историјата на вечните губитници знае да биде интересна и не заслужува помало внимание.
Дискретниот јунак, шпиц од најдобрите денови на ПСВ Ајндховен и Андерлехт, легенда на холандско-белгискиот фудбал од кој што најмногу научиле Роналдо и Руд Ван Нистелрој. „Сè што направив во кариерата му должам нему“.
Иван Елгера беше член на славната генерација фудбалери на Реал Мадрид, позната како „Галактикос“. Во јавување во живо на Инстаграм раскажа една анегдота од тоа време.
Руни, Кристијано Роналдо, Марадона, Роналдињо, Анри, Бекам, Роналдо, Ван Перси, Тоти, Ривалдо. Од сите овие легенди ќе повтори по еден легендарен гол. Оценката по физичко веќе може да му ја заклучат. Седи 5-ка.
Девет години како фудбалскиот свет е посиромашен без неговите игри (се пензионираше во Коринтијас 2011-та), а 11 како ја напушти Европа (последно играше за Милан 2007/2008). За ваков феномен со топка 13 клупски трофеи се премалку во кариерата, особено оние еден со Интер и три со Реал каде играше по пет сезони.
Во продолжение на најдосадното финале од Супербоул меѓу Њу Ингланд Патриотс и Лос Анџелес Ремс кое комплетно ги разочара гледачите, сеир на овој спорт му пукна и Роналдо.
Зад епската и насекаде омилена генерација на легендарниот Бразил кој имаше играчишта на секоја можна позиција, се кријат многу приказни. Ова е една од нив, а ја раскажува Роберто Карлос.
Во второто коло од ЛШ во групата Б, во среда од 21:00 часот ќе се сретнат ПСВ и Интер, две поранешни екипи на еден од најдобрите фудбалери во историјата, кои сакаат да знаат за кого ќе навива „Ил Феномено“.
Квалитетот на снимката е лош, ама потезите се далеку од лоши. Ова е тренинг на Роналдо во Барселона, 1996/1997. Се обидуваат да му ја земат Гвардиола, Мурињо како асистент тренер и Лопетеги. Единственото чаре беше голманот да му се фрли со раце, инаку ова уште ќе траеше. Феномен.
Реал за Бејл и Ронало плати по 100 милиони евра, Манчестер за Погба 105, Барселона за Дембеле 105, Јувентус за Роналдо 117, Барселона за Кутињо 140, ПСЖ за позајмица на Мбапе 180, а за Нејмар 222 милиони. Пред 20 години не беше вака забегано.
Од лево на десно седат: Самуел Ето, Чави, Икер Касиљас, Карлес Пујол, (ќелавото не го знаеме), Диего Армандо Марадона и Роналдо. Тоа се тие ѕверови од три различни континенти на едно место, во ложата на Лужники во Москва.
Направете ни реклама на која ќе бидат прикажани во вистинско светло бразилските фудбалери, им рекле од Најк на продуцентите кои требале да ja смислат. И така се родило едно од мајсторските видеа со мајстори во него. Дечки знаете што? За точно 1 месец почнува светско.
Загревањето за вечерашните топ две четвртфинални средби од ЛШ не можеше да биде појако. Во 18:30 се среќаваат Интер и Милан во заостанат меч од Серија А. Одиме со еден маестрален потег на Феноменот пред 20 години во дуел со Себастијано Роси. Тоа дерби заврши 3:0. Резултатот го отвори и го затвори Чоло Симеоне.
Според некои мислења тој е најдобриот на сите времиња, но и да не е така, Роналдо со својата уникатна игра си го заработи епитетот „Ил Феномено“. Погледнете го овие цик цак потези со извонредна техника и еластичност со која исфрли од игра двајца играчи. Се работи за финалето меѓу Интер и Лацио (3:0) во Купот на УЕФА 1998-ма, на кое Роналдо има само 21 година. Ваков танц со топка не може секој.